Манчевски: Од 2017та до денес, дигиталната трансформација го зголемува квалитетот на живот на наште граѓани

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на денешната прес конференција се осврна на проектите реализирани од 2017та година до денес, во насока на дигитална трансформација на нашата држава.

Како што посочи тој, по само два месеци од пуштањето на употреба на порталот за електронски услуги uslugi.gov.mk, граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките. Скоро 9.000 граѓани се регистрирани и секојдневно користат, 128 електронски услуги. Дополнително, на порталот во Каталогот на услуги веќе се достапни сите информации за добивање на 744 услуги. На овој начин, ги заменуваме шалтерите со услуги што се добиваат електронски, а Каталогот претставува единствен извор на податоци за тоа како, во кој рок, во која процедура се добива секоја од овие 744 услуги.

„Тоа што затекнавме во 2017та година, беше голем број на институции меѓусебно неповрзани, а дигитална комуникација помеѓу граѓаните и институциите не постоеше. Единствено, имаше платформа за интероперабилност, но најголем дел од институциите не беа воопшто поврзани. Ова не е видливо за граѓаните, но ефектите ги осеќаа сите граѓани. Губење време по шалтери, нејасни процедури, различни лични податоци во различни институции...“, потсети министерот Манчевски.

Како што рече министерот Манчевски, после две и пол години посветена работа, ситуацијата денеска во сферата на дигитализацијата е различна.

„Централно место има новиот портал за е-услуги, поврзан со Регистарот на население и со Каталогот на услуги, со обезбедено дигитално потпишување, пополнет ИСУЧР, нова платформа за управување со административни постапки и нов ДМС систем. Со други зборово имаме целосно поставен правен и технички систем за сите интитуции да можат можат своите услуги да ги нудат по електронски пат на граѓаните“, информираше министерот.

Дополнително, тој се осврна и на новото решение на Мастеркард за дигитално потпишување, кое се имплементира во Северна Македонија, како прва држава во светот, каде ќе се развие ова решение.

На овој начин се овозможува имплементација на решение со кое се олеснува докажувањето на идентитетот на граѓаните при користење за приватните или јавните електронски услуги.Предвидени се 5 бесплатни потпишувања за првите 150.000 корисници на е-владини услуги во текот на првите 12 месеци. За реализација на ова Мастеркард одвојува 3 милиони евра.

„Од земја која значително заостануваше, денес Северна Македонија има целосно воспоставен систем за дигитален јавен сектор. Во одредени решенија не само што сме лидери во регионот, туку и пошироко во европски и светски рамки, а тоа го увидоа и големите мултинационални компании како Мастеркард. Нашате политика не е да го следиме светските трендови, туку да ги водиме. Тоа и ќе продолжиме да го правиме“, заклучи министерот Манчевски.

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата ќе ја продолжи војната во Појасот Газа додека не се постигнат сите цели и ја обвини палестинската милитантна група Хамас за застојот во преговорите за привремен прекин на огнот.

- Капитулирањето пред барањата на Хамас би било ужасен пораз за државата Израел, рече Нетанјаху во видео порака објавена денеска. „Тоа би била голема победа за Хамас, Иран и целата оска на злото. Тоа би покажало страшна слабост за нашите пријатели и за нашите непријатели“, ја пренесува ДПА изјавата на Нетанјаху.

- Ако Израел покаже слабост на овој начин, тоа само ќе ја доближи следната војна и ќе го отфрли следниот мировен договор, „бидејќи сојузи не се прават со слабите и поразените. Сојузи се прават со силните и победниците, предупреди тој.

Во моментов во Каиро се водат разговори со посредство во кои учествуваат претставници на Хамас, со надеж дека ќе се обезбеди ослободување на преостанатите заложници во Газа во замена за палестинските затвореници кои се држат во израелските затвори. Се разговара и за можен прекин на огнот.

Нетанјаху рече дека Израел покажа флексибилност за време на преговорите во Каиро, додека Хамас се држи до своите „екстремни позиции, пред сè повлекувањето на нашите сили од Појасот, ставање крај на војната и Хамас да се остави недопрен“.

Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани

Скопјанец пријавил дека во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од страна на двајца странски државјани за сума од 25.000 евра, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Синоќа во 19.15 часот во СВР - Скопје, Х.М., на возраст од 34 години од главниот град на државава, пријавил дека околу 15 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.

Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња.

Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале, сфатил дека е измамен, појаснуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Арсовска: Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Во изминатите две години покажавме дека со упорност и покрај блокадите може да се наметнат системски промени кои од корен ги менуваат градските институции.

Затоа Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Успеавме да ги намалиме непродуктивните трошоци, единствено не ги згаснавме светлата на улиците сред најголемата енергетска криза, ги консолидираме јавните претпријатија.

Први и единствени се боревме повеќе да нема лица кои не одат на работа, а земаат плата. Успеавме да откриеме стотици такви случаи за кои останатите институции сега треба да превземат мерки за враќање на парите кои ги земале.

За Македонија која ќе се базира врз право и правда неопходно е да се спроведат системски реформи:

-Целосно чистење на институциите од оние кои не одат на работа, а сепак земаат плата

-Воведување системска дигитализација со која човечкиот фактор и влијание при избор на вработување ќе се елиминира

-Со ветинг во сите јавни институции да се детектираат злоупотребите на позициите и за истото да следат највисоки санкции

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, за луѓе кои секогаш ќе се спротивстават на неправдите и ќе работат за подобар живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

притисни ентер