Манастирот кај Маркова Сушица – 7 века бисер на духовноста

Седум века Марковиот манастир и неговиот заштитник светецот Димитрија ја раскажува историјата на христијанството. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Во напад на претседателската палата во Чад загинаа 19 лица

Во напад на претседателската палата во Чад загинаа 18 напаѓачи, а шестмина се уапсени. Еден војник загина, додека тројца беа ранети, јавуваат локалните медиуми.

Нападот се случил синоќа, додека претседателот на Чад, Махамат Идриз Деби, се наоѓал во палатата. Сепак, властите изјавија дека ситуацијата брзо е ставена под контрола.

„Ситуацијата е целосно под контрола. Нема место за страв“, изјави министерот за надворешни работи Абдерахман Куламалах, кој беше опкружен со војници за време на пренос во живо на Фејсбук.

Во интервју за државната телевизија, Куламалах ја пофали будноста на стражарите од палатата, опишувајќи ги напаѓачите како неорганизирани и „под влијание на алкохол и дрога“.

На прашањето дали нападот бил терористички, тој рече дека веројатно не е, бидејќи напаѓачите биле локални млади од главниот град Нџамена.

Нападот се случи истиот ден кога градот го посети кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, кој му честиташе на Деби за повторното воспоставување на уставниот поредок.

Веднаш по нападот, на интернет се појавија гласини дека станува збор за акција на исламистичката милитантна група Боко Харам, која од 2009 година започна бунт во Нигерија, а потоа се прошири и во соседните земји Камерун, Нигер и Чад.

Чад, држава со 18 милиони жители, неодамна ги надмина политичките превирања предизвикани од контроверзните претседателски избори, на кои победи Итно. Тој ја водеше земјата како привремен претседател по смртта на својот татко во 2021 година.

Пренатрупаност во словенечките затвори, со пополнетост од 130 отсто

Словенечките затвори се соочуваат со сериозна пренатрупаност, при што моменталната пополнетост изнесува 130 проценти, јави Анадолија.

Најголемиот проблем е во затворот во Љубљана, каде пополнетоста достигна 177 проценти, а потоа следуваат затворите во Копер и Марибор.

Во недела истекува важноста на уредбата на Владата на Словенија за засилени мерки за безбедност поради кадровски и просторни проблеми во затворите.

Во првите три месеци од примената на уредбата, беа спроведени две мерки: привремен прекин на казните и вработување на поранешни затворски полицајци. Но, и покрај мерките, состојбата останува критична.

Се очекува Владата да ја продолжи уредбата за уште три месеци, со акцент на можноста за повторно вработување на поранешни затворски полицајци.

Меѓутоа, затворениците не се задоволни од привремениот прекин на казните, кој не важи за странци, а тие сочинуваат половина од затворската популација.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ

СДС заедно со ДУИ македонските граѓани ги доведоа до просјачки стап. За време на нивното заедничко седум годишно владеење над пола милион граѓани денот го поминуваа со по 150 денари.

Инфлацијата и скапотијата, за која зборуваат, пред неколку години беше двоцифрена за во 2023 година да заврши со 9,5%. 2024 изборна година и ВМРО-ДПМНЕ на власт шест месеци, инфлацијата се спушти на 3,5% и годината заврши со раст на економија од 2,3%. Ова се официјални податоци од надлежните институции.

Според проекциите на Народна банка годинава се очекува раст на БДП од 3,3% и дополнително намалува на инфлацијата до ниво од 2,5%.

Ова се резултати и проекции засновани на преземените мерки од страна на Владата за стопирање на слободниот пад на економијата и постепено економско заживување, преку реализација на капитални проекти и историски највисокото ниво на странски инвестиции.

Економијата се стабилизираше и веќе годинава ќе се движи кон раст и развој која ќе овозможи подобар живот и благосостојба за сите во Македонија.

Освен ова, Владата активно преземаше мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, како зголемување на плати и пензии, ограничување на профитните маржи, намалување на цените на прехранбените производи.

За разлика од сега, СДС кога беа на власт, до пред шест месеци, го покачија ДДВ на прехранбените производи што беше и една од причините за зголемување на цените.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер