Малата сестра на Бритни Спирс забременила на 16 и исчезнала - еве каде е сега!

Џејми Лин Спирс тргна по стапките на сестра си во шоу бизнисот, но забремени на 16 години и се повлече од јавноста. Сега, на 25 години, прави ријалити шоу во кое ќе обелодени што се случувало...

Кога имаше само 11 години Џејми Лин се појави во филмот „Раскрсница“ во кој играше нејзината постара сестра.

Потоа доби главна улога во серијата „Zoey 101“.

Но на 16 години се повлече. Во соопштение за медиумите порача дека татко на детето е Кејси Алдриџ со кој се забавувала 2 години. Роди ќерка но никогаш не се омажи со Алдриџ со кој раскинуваше и се смируваше се до 2010 година.

Целата случка предизвика скандал дури и се постави прашањето дали Кејси треба да одговара што забременил малолетничка кога тој бил полнолетен.

Поради сето тоа Џејми ја напуши глумата, се пресели во Луизијана и се сврте кон пишување на музика.

На сцената се врати во 2013 со своја песна која имаше успех.

Полека почна да го средува животот. Во 2014 се омажи со бизнисменот Џејми Вотсон и сега заедно ја одгледуваат нејзината ќерка.

Џејми сега има 25 години. Можеби со ова ријалити шоу сака да го најави своето враќање во шоу бизнисот и евентиалнит успех кој може да го надмине успехот на нејзината славна сестра...


















Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер