Мала „помош” за поубава новогодишна ноќ

Некој се одлучи новата година да дочека надвор на поларни температури, други пак се одлучија да бидат сами со партнер. Од „Валијант“ велат дека за да ја минете убаво ноќта потребно е да бидете опуштени, тогаш не се потребни ни сексуални помагала.

Новогодишно релаксирано, она што сте го заборавиле преку годината да нурнете во љубовта за новогодишната ноќ. Па, ако сте сами ви се смачило од полно луѓе, не ја трошете ноќта пред телевизор и многу храна заборавите на проблемите, вирусите кај децата, на мачните кредити. И предајте се на уживање. Организирајте се претходно и изненадете го партнерот.

Има и лек ако сте срамежливи.

Докторите велат стресот и сексот не само по првата буква, заедно одат и за лоша емоција затоа некогаш ниту спреови ниту секси играчки нема да ве спасат.

И за на крај секое ново во вас ќе биде екстра за тој покрај вас, затоа уживајте


Казнет и протеран од Косово брачен пар од Русија кој беше уапсен поради нелегален влез

Косовските власти објавија дека двајцата руски државјани, кои пред неколку дена беа приведени од полицијата поради сторено кривично дело „нелегално преминување на границата“, се казнети, а потоа им е наложено и напуштање на Косово.

Косовската полиција на 6 мај соопшти дека брачен пар од Русија бил запрен на граничниот премин Јариње, а таму пристигнале од градот Ниш во Србија, но, со оглед дека немале косовски визи, тие се упасени поради нелегален влез во земјата.

Сопружниците Хусам Азам (57), професор, и Елена Азам (55), гинеколог, се казнети со по 250 евра и се протерани од Косово, изјави за Радио Слободна Европа функционер од Основниот суд на Северна Митровица.

„Казната им е изречена врз основа на член 140 од Кривичниот законик на Косово. Станува збор за казна од 250 евра или затвор од шест дена. Ова е правна работа и судот ја изрече казната утврдена во законот“, изјави претставникот на судот во Северна Митровица.

Сите руски државјани, вклучително и оние со дипломатски пасоши, кои сакаат да влезат, транзитираат или престојуваат во Косово, мора да добијат виза.

Оваа одлука е донесена во 2022 година. Дотогаш, на руските државјани со дипломатски и службени пасоши им беше дозволен влез, транзит и престој до 15 дена на територијата на Република Косово без виза.

Русија не ја признава независноста на Косово. Сепак, двете земји имаат формални односи. Руската канцеларија за врски во Приштина е отворена од 2005 година, иако нејзината активност не е многу видлива во јавноста, пишува РСЕ.

Бајден го потпиша законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз на збогатен ураниум, односно нуклеарно гориво за производство на електрична енергија во нуклеарните централи во САД од Русија.

Таа забрана за нуклеарно гориво ќе стапи на сила за околу 90 дена, но на Министерството за енергетика на САД му е дозволено да одобри исклучоци до 2027 година, во случај да има загриженост за недостиг на гориво.

Нацрт-законот, исто така, овластува 2,7 милијарди долари за финансирање на изградбата на американската индустрија за нуклеарно гориво, чии 24 отсто од збогатениот ураниум што се користи во нуклеарните централи доаѓа од Русија.

Мбапе објави емотивен пост по добивањето на титулата најдобар играч во Лига 1

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе објави емотивна објава на социјалните мрежи по добивањето на титулата најдобар играч во Лига 1. Во неа тој им се заблагодари на тимот и играчите за љубовта и поддршката.

- Никогаш нема да ги заборавам посебните моменти што можев да ги поминам со клубот. Им благодарам на моите соиграчи и персоналот во овој посебен и престижен клуб, ПСЖ, што постојано ми дозволуваат да бидам најдобрата верзија од себе. Заминувам со крената глава, но никогаш не заборавајќи дека вечно сум ви благодарен, напиша Мбапе.

Навивачите на ПСЖ подготвија транспарент во чест на напаѓачот на тимот Килијан Мбапе на натпреварот со Тулуз во 33. коло на Лига 1.

Мбапе игра за парижаните од 2017 година. На 10 мај тој најави заминување од ПСЖ. Неговиот договор со тимот истекува ова лето. Натпреварот со Тулуз беше последен домашен натпревар за 25-годишниот фудбалер на „Паркот на принцовите“ како дел од парижаните.

притисни ентер