Маќеа од пеколот – Го изгладнувала и мачела својот 5 – годишен посинок (ФОТО+ВИДЕО)

Мајка на седум деца од Тексас е осудена на 28 години затвор , зашто го изгладнувала својот 5 годишен посинок , го терала да носи пелени и да спие во шкаф.

37- годишната Тами Блајмаер од судот во Тексас е прогласена виновна за измачување дете . Таа го изгладнувала сега 9 годишниот Џордан , кого го принудувала да спие во мало шкафче , кое самата го нарекувала ,,шкафчето на Хари Потер”.

Докторите сведочеле дека Џордан имал само 13 килограми и за малку ќе умрел од глад. Неговиот татко за истото дело пред две години е осуден на 15 години затвор.

Страшниот случај бил откриен во февруари 2015 , кога во полицијата случајот го пријавил еден од полубраќата на Џордан, кој тогаш имал 16 години. Маќеата тогаш била бремена и кога дознала дека е откриена , го зела Џордан и се скрила во мотел. Полицијата ја нашла според сигналот од нејзиниот мобилен , го зеле детеот и го однеле во болница.

Таму докторите утврдиле дека детеот е страшно потхрането и злоставувано , слично како во концентрационен логор. Да не бил спасен тој ден , ќе умрел за неколку дена , велат докторите. на детето не му било дозволено да јаде со другите членови на семејството , туку му фрлале по папче леб во шкафот. Таткото дури и го дрогирал за да не се слуша кога имале гости.

Децата посведочиле дека повеќе пати родителите му ја ударале главата на Џејсон од ѕид. Џордан бил вратен на неговата биолошка мајка , а децата на Блајмаер се под социјална грижа , додека бебето е дадено во семејстов за посвојување.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер