Македонските млади ракометари ја совладаа Романија

Со подобра игра во второто полувреме, македонската репрезентација составена од ракометари до 20 години, попладнево ја победи соодветната селекција на Романија со 31:26.

Ова е втора победа по ред за избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ на Европското првенство во Словенија.

За најкорисен играч на натпреварот МВП беше прогласен голманот Иван Галевски.

Следен ривал на Македонија ќе биде Франција. Со евентуална победа, можеби и нерешен резултат, нашите ракометари ќе го освојат првото место во И-групата и ќе бидат со големи шанси за пласман на 9. место.

Во досегашните пет натпревари на евро-шампионатот, македонските ракометари имаат три победи (една во првата групна фаза) и две нерешени средби (двете во првата групна фаза)./МИА

Голема размена на заробеници меѓу Русија и Украина (ВИДЕО)

Претседателот Володимир Зеленски денеска потврди дека 115 украински војници се вратени од руско заробеништво.

Меѓу вратените има војници на Националната гарда, армијата, морнарицата и Државната гранична служба.

Сите 115 војници кои биле ослободени денеска биле заробени во првите недели и месеци од инвазијата во 2022 година. Сите се војници или подофицери. На списокот има 82 бранители на Мариупол, меѓу кои и околу 50 борци од гарнизонот Азовстал. Исто така, има шест припадници на Националната гарда кои биле заробени во нуклеарната централа во Чернобил.

„Се сеќаваме на сите. Ги бараме и правиме максимални напори да ги вратиме сите“, рече Зеленски.

Многу воени затвореници вратени во последната размена имаат „сериозни здравствени проблеми“, пишува Kyiv Independent.

Зеленски му се заблагодари на својот „тим и партнери што ги донесоа нашите луѓе дома“. Размената беше посредувана од Обединетите Арапски Емирати. Арапските земји како Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија постојано ја преземаа улогата на посредници во размената на затвореници меѓу Украина и Русија.

Тоа беше 55-та ваква размена на затвореници. Вкупно 3.520 украински воени заробеници се вратени дома од почетокот на војната.

Украинците уништија складиште со оружје во Русија, прогласена е вонредна состојба (ВИДЕО)

Украинците денеска погодија складиште за муниција во регионот Воронеж во напад со беспилотно летало на руска територија, објавија медиумите.

Целта била магацин во близина на малиот град Острогошск, на околу 100 километри од градот Воронеж, објави независниот интернет портал Астра.

Иако не се споменуваше магацинот за муниција, гувернерот Александар Гушев прогласи вонредна состојба во три села поради „последиците од пожарот и активирањето на експлозивните направи“.

Во експлозиите една жена е ранета и пренесена во болница, а 200 лица се евакуирани, објави Гушев на Телеграм.

Две лица се ранети во напад со дрон во соседниот регион Белгород. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во тие напади биле соборени седум беспилотни летала, пет над Воронеж и по еден над Белгород и Брајанск.

Украинците пријавија руски ракетен напад на Змијскиот остров во Црното Море. Биле употребени ракети Х-22, а истрелани се четири такви проектили.

ВМРО-ДПМНЕ: Пајазит Пајазити треба да биде разрешен, тој дозволи Блерим Рамадани да избега

Пајазит Пајазити треба да биде разрешен, тој дозволи Блерим Рамадани да избега, се друго е фолклор за негов спас во режија на СДС и ДУИ.

Ако Пајазити не го ставешр во куќем притвор Рамадани, тој сега уште ќе беше во Шутка.

Пајазит Пајазити е извршител на СДС и ДУИ, историјата на неговите одлуки покажува дека е измеќар на опозицијата.

СДС и ДУИ се што прават е обид за дефокусирање на јавноста од нивниот измеќар Пајазити кој е еден од главните виновници зошто довербата на народот во судството е 2%.

СДС и ДУИ попусто се надеваат дека ќе дефокусираат. Одговорност за сите нивни криминалци, вклучително и Пајазити ќе има, се наведува во партиската реакција на ставовите на Богданка Кузеска од СДСМ.

притисни ентер