Македонските кошаркари патуваат за Загреб

По шесте натпревари на домашен терен одиграни во Охрид и Скопје, македонската кошаркарска репрезентација утре против Хрватска ќе го одигра последниот пријателски меч од подготовките и прв и единствен на гостински терен.

„Црвено - жолтите“ денеска патуваат за Загреб, а почетокот на утрешниот дуел е закажан во 17 часот.

Македонија се соочи со мали проблеми со повреди во текот на подготвителниот период, па покрај Бојан Крстевски, кој и натаму закрепнува од повредата заработена во Охрид и нема да патува за Загреб, на нашиот состав против Хрватска нема да може да му помогне ниту Дамјан Стојановски, кој исто така се пожали на повреда во текот на минатите денови.

Сепак и Крстевски и Стојановски се очекува комплетно да закрепнат од своите повреди во наредните неколку денови и да бидат подготвени за стартот на квалификациите против Белгија на 10 август, така што Џикиќ се одлучи да не ризикува со нив за утрешната пријателска против Хрватска.

Составот на Македонија за средбата против Хрватска го сочинуваат: Ивица Димчевски, Андреј Магдевски, Дарко Соколов, Александар Костоски, Војдан Стојановски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Бојан Трајковски, Стојан Ѓуроски, Марјан Јанески, Ричард Хендрикс и Љубомир Младеновски. /МИА

Видео: Потег на годината во УФЦ 301 рингот!!

Бразилскиот боксер Мишел Переира, го изведе еден од најспектакуларните потези во „UFC 301“рингот.

Переира за 54 секунди го победи противникот, Ихори Потиерија, со спектакуларен скок и зафат наречен „гилотина“.

Переира по половина минута најпрвин со одмерена сила го собори Украинецот, а потоа со назад салто се фрли кон него и почна да го удира.

Бразилскиот борец победи за само 54 секунди, но пред тоа изведе неколку спектакуларни потези.

Судијата се обиде да ги раздвои и го прекина мечот, а Украинецот само падна на подот без свест.

Ова беше 31. победа во кариерата за Бразилецот.

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

притисни ентер