Имено, 50 Cent потврди дека ќе сними заеднички албум со Еминем.
Откако Еминем неодамна откри дека единствената пречка за проектот е нивниот „сопствен тајминг и организација“, 50 Cent се огласи на Инстаграм за да објави дека ќе излезе од рапската пензија за да сними албум. Тој вчера ја сподели веста која многумина ја чекаа. „По сѐ изгледа ќе се вратам во студио!“ напиша тој. „Прво треба само да ги направам шоута во Вегас.“
Пред рап ветераните да влезат во студиото, 50 Cent ќе влезе во историјата со својот прв голем концертен серијал во Лас Вегас насловен „50 Cent: In Da Club“. Настанот започнува вечерва, а завршува на 4 јануари.
Дури минатата година, 50 Cent откри дека работи на нова музика и рече дека Еминем веќе го контактирал тогаш. Тој наводно му рекол дека д-р Дре, кој исто така треба да биде дел од проектот, подготвува нешто посебно. „Штом го кажав тоа, добив порака од Еминем дека тој веќе разговарал со Дре и дека Дре прави нешто, и има некои луди работи што треба да ги слушнам“, се сеќава 50 за Биг Бој во тоа време.
Тој исто така објасни како вклученоста на Дре го носи проектот на следното ниво: „Ќе направам нешто и ќе ја барам најдобрата музика што можам да ја смислам. И кога ќе најдам нешто што навистина ми се допаѓа , го носам Дре за да го турнам да ми понуди нешто затоа што тој секогаш има нешто... Секогаш имал нешто.“
Објавата на Фифти набрзо собра над 150 илјади лајкови, а фановите во коментарите се воодушевени. „Трпеливо чекавме“, „ова може да го спаси хип хопот“, „сè со допирот на 50 и Еминем се претвора во злато“, се само дел од коментарите.