Македонските фудбалерки против Исланд ги отвораат квалификациите за ЕП

Женската фудбалската репрезентација на Македонија со натпревар против Исланд денеска ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство во Холандија 2017 година.

Пет дена подоцна, (27 октомври) избраничките на Ванчо Балевски ќе одиграат уште еден натпревар во групата 1 против селекцијата на Шкотска.

Двата дуела ќе се играат на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со почеток во 13:30 часот.

По воведните две средби следува едномесечна пауза, по што ќе бидат одиграни и натпреварите со Белорусија на домашен терен и Шкотска и Словенија на гости.

- Не очекува тежок натпревар. Исланд веќе има одиграно средба со Белорусија и истата ја добија со 2:0. На овие средби ќе настапиме со подмладен состав. Поради повреда ќе недостасуваат четири фудбалерки. Во овој квалификациски циклус сите не сметаат за аутсајдери. Се надевам дека ќе го дадеме максимумот и дека сите повикани фудбалерки ќе ја оправдаат довербата, истакна селекторот Балевски. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер