Македонскиот државјанин Васко Саздовски е меѓу 14 жртви во несреќата во Нови Сад

Македонскиот државјанин Васко Саздовски е меѓу 14 жртви во несреќата во Нови Сад кој како што објавија српските медиуми, бил научник во локален институт во Нови Сад … 

45 годишниот Васко Саздовски е македонскиот државјанин што загина во несреќата во Нови Сад кога натстрешница од железничката станица во градот се урна и поклопи дел од лицата што биле под неа, потврдија од македонското МНР. Во трагедијата, каква Нови Сад не памети, загинаа 14 лица, а три се тешко повредени.

Оттаму додаваат дека министерството, преку македонската амбасада во Белград, останува во директна комуникација со српските власти, а од македонската амбасада се во редовна комуникација со семејството на починатиот за транспортирање на неговото тело во Македонија.

„Од страна на Министерството за надворешни работи на Србија, македонската амбасада во Белград доцна синоќа беше информирана дека на 1 ноември, во Нови Сад, при пад на настрешница, животот го загубил В.С., роден 1979 година, државјанин на Македонија. Македонската амбасада во Белград е во редовна комуникација со семејството на починатиот околу потребните административни процедури, за транспортирање на телото на починатиот во нашата држава.“, соопштија од МНР.

Според информации на српска „Политика“, Саздовски бил научник кој работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Директорот на „Биосенс“, Владимир Црнојевиќ, ја потврдил информацијата за весникот.

Најмладите жртви од урнатиот бетонски покрив инаку, се две сестри на возраст од 6 и 9 години, кои со дедо им биле на железничката станица, а меѓу загинатите има и млади лица од дваесетина години.

Според директорката на клиничкиот центар во Нови Сад, д-р Весна Туркулов состојбата на повредените е се уште животозагрижувачка. Станува збор за млади лица, две женски и едно машко.

-Повредените се во многу тешка состојба, сите тројца кои се примени вчера во ургентниот центар на универзитетскиот клинички центар Војводина се во многу тешка состојба. Тие се оперативно згрижени, и понатаму има некоја дополнителна дијагностика. Но, сите тројца се и понатаму во многу тешка состојба, да кажам, животно загрозувачка. Примени се три личности, сите се за жал многу млади. На возраст од 18 до 24 години. Една личност од машки пол и две женски и сите се живи, изјави директорката на клиничкиот центар.

Причината за уривањето засега не е позната. Надлежните најавија истрага за несреќата на станицата, која беше отворена летово по тригодишна реконструкција, која чинела 65 милиони евра. Според српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ Обвинителството презема дејствија и уште денеска ќе бидат сослушани 20 луѓе, почнувајќи, како што рече, од самиот врв, луѓе од надлежното министерство, од ЈП Железници и ќе биде разгледана документацијата која се однесува на градбата. Меѓу сослушаните ќе биде и надлежниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, соопштија од Вишото јавно обвинителство.

Тој, пак, утрово во гостување на РТС изјави дека се истражува зошто настрешницата на Железничката станица во Нови Сад не била предмет на реконструкција и оти истрагата ќе покаже кој е одговорен за несреќата.

-Што се однесува за тоа што се случи, тоа е сега предмет на истрагата. Во тек е инспекциски надзор, а тие кои се надлежни ќе утврдат како се случило тоа настрешница да падне. Ќе се утврди како е можно настрешницата да не била дел од планот за реконструкцијата во 2020 година. Зошто и кој тоа утврдил дека не било потребно тоа да се реконструира - рече министерот Весиќ во гостувањето на Радио телевизија на Србија (РТС).

Во Србија денеска е Ден на жалост, додека во Нови Сад и покраината Војводина е прогласена тридневна жалост. Знамињата на официјалните институции се спуштени на половина копје. Сочувство изрази и државниот и политички врв во Македонија.

Прв пат во историјата на Нов Зеланд, полицајка загина на должност

Возач на автомобил нападнал полициска патрола во Нов Зеланд, со што првпат во историјата на земјата е убиена полицајка при вршење на должност.

32-годишниот осомничен е уапсен, а во инцидентот две лица се повредени, пишува АП.

Нападот ја потресе земја во која ретко се случуваат убиства на полицајци за време на својата должност. Постариот наредник Лин Флеминг стана првата полицајка во историјата на Нов Зеланд која умрела како жртва на кривично дело додека била на должност, соопшти денеска новозеландската полиција.

Во вчерашниот напад, возило со голема брзина удрило во полицајците додека тие вршеле рутинска патрола на паркинг, а потоа возачот извртел и удрил во полициското возило, изјави полицискиот комесар Ричард Чемберс за новинарите во градот Нелсон на Јужниот остров. Флеминг починала во локалната болница неколку часа подоцна.

Во инцидентот повредени се и двајца случајни минувачи.

Полицијата уапсила 32-годишен маж осомничен за повеќе кривични дела, вклучувајќи убиство и обид за убиство.

Пред средата, последното убиство на полицаец на должност во Нов Зеланд се случило во 2020 година, кога полицаец бил застрелан од возач кој удри и побегна. Според полициските записи, од 1890 година, 33 полицајци загинале како жртви на злосторства додека биле на должност.

Флеминг била полицаец 38 години и долгогодишен нетбол тренер во локалното женско училиште. „Таа беше мајка, сопруга и добро познат, високо почитуван член на заедницата на Нелсон“, рече Чемберс.

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2024. биле целосно електрични

Девет од десет нови автомобили продадени во Норвешка минатата година биле целосно електрични, покажаа податоците за регистрација, бидејќи земјата ја исполни својата цел да додаде само електрични автомобили на патиштата до 2025 година.

Целосно електричните возила учествувале со 88,9 отсто од продажбата на нови автомобили во 2024 година, според податоците на Норвешката федерација за патишта (OFV). „Ни требаат само уште 10 проценти за да ја достигнеме целта за 2025 година“, се вели во соопштението на ОФВ. Од 128.691 новорегистрирани автомобили минатата година, 114.400 биле електрични, што е најголем удел на кој било голем пазар на автомобили и повеќе од 82 проценти во 2023 година.

И покрај тоа што е главен производител на нафта и гас, Норвешка има за цел сите нови продадени автомобили да бидат со „нулта емисија“ почнувајќи од 2025 година, 10 години пред целта на Европската унија, чија членка не е Норвешка.

Во 2012 година, електричните автомобили сочинуваа само 2,8 отсто од продажбата, но оттогаш тие експлодираа благодарение на различните стимулации.

Тие добија ослободувања од повеќе даноци, што ги направи конкурентни наспроти високо оданочените автомобили со внатрешно согорување. Тие исто така се ослободени од патарина, имаат бесплатен паркинг на јавните паркинзи и можеле да ги користат лентите за јавен превоз.

Иако некои даночни олеснувања и стимулации биле постепено укинати со текот на годините, електричните автомобили станаа секојдневие. Tesla е водечка компанија за електрични автомобили во Норвешка со 19 проценти од пазарот, а потоа следат Volkswagen, Toyota, Volvo и BMW.

Вучиќ разговарал за санкциите на САД за НИС со американскиот потсекретар: Нема добри вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ имаше, како што изјави, отворен, искрен и тежок разговор со потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина на САД, Хозе Фернандез.

Разговарале, како што рекол, за важни прашања од билатералната соработка меѓу Србија и САД, особено во областа на енергетиката, објави Телеграф.

-Санкциите беа посебна тема, а за неколку дена ќе можам да ги откријам целосните детали. Секако, немам премногу добри вести за граѓаните на Србија, но Србија ќе ја зачува стабилноста и енергетската безбедност - напиша Вучиќ.

притисни ентер