Македонски каратисти учествуваа на семинар во Грција

 Венцислав, Дејан, Камелија и Филип Недеви, како и Софија Јарчевска, беа дел од семинарот во традиционално карате одржан викендот во Коринт, Грција. 

Семинарот го водеше Сенсеи Масао Кавазое 9 дан, ученик на легендарниот карате мајстор Хидетака Нишијама основач на традиционалното карате во светот и основач и претседател на светската федерација ИТКФ.

- Дејан Недев, претседател на Македонската традиционална карате федерација, го покани Сенсеи Кавазое да дојде во Македонија и да одржи карате семинар за македонските каратисти. Тој поканата ја прими со големо задоволство и вети дека наскоро ќе ја посети Македонија, информираат од МТКФ.

Сенсеи Кавазое повеќе од 30 години беше дел од техничкиот комитет на ИТКФ заедно со Сенсеи Шираи и Сенсеи Наито. Тој исто така повеќе од 50 години е главен инструктор на Велика Британија кој исто така ја предводеше британската репрезентација на сите европски и светски првенства на ЕТКФ и ИТКФ. Тој е еден од најбараните и најатрактивните карате инструктори во светот со беспрекорна ножна карате техника.

Мишел: Македонија има реална можност да се приклучи на европското семејство

Ја поздравувам геостратешката ориентација и посветеност на Македонија за членство во ЕУ, наведе Мишел. 

Со сегашниот моментум во проширувањето на Европската Унија, Република Македонија има реална можност да напредува на патот кон ЕУ и да се приклучи на нашето семејство, наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во објава на Икс посветена на неговата вчерашна средба со премиерот Христијан Мицкоски во Брисел.

- Ја поздравувам геостратешката ориентација и посветеност на Македонија за членство во ЕУ, наведе Мишел.

Тој во објавата додава и дека сега е клучно да се спроведат обврските од минатото, да се почитуваат правно обврзувачките договори и решително да се продолжи со реформите поврзани со ЕУ.

За време на вчерашната работна посета на Брисел, Мицкоски, покрај со Мишел имаше средби и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман, а присуствуваше и на работен ручек што за лидерите на шесте земји од Западниот Балкан го приреди претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

Премиерот Мицкоски при посетата на Брисел беше придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашања Орхан Муртезани.

Укината целосната забрана за движење во шума

Укината целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари, информира Јавното претпријатие „Национални шуми“. 

- Согласно Барањето од ЈП „Национални шуми“ од бр.11-341/5 од 17.09.2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, ја издаде согласноста за укинување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште дадена на 15.07.2024год., заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште со кои управува ЈП „Национални шуми“, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека за спроведување на горенаведената согласност за укинување на целосната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Министерство за Одбрана, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие.

Петрушевски: Дон Љупчо Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер

Љупчо Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер, земјоделците чекале на него да ги подобри работите.

Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието, да најде пласман и да помогне на 100.000 земјоделци, тој мислел како и каде следно да патува, и колку поскап хотел да плати.

Љупчо Дон Николовски кога престојувал во странство, веројатно сакал да престојува и патува со стил. Со народни пари плаќал скапи хотели и по неколку стотина евра од вечер.

Се е полесно кога си министер од СДС, пред камери зборуваш за народот и социјална правда, а зад камери јадеш скапи јадења со државни пари и спиеш по хотели со пет звезди кои чинат неколку стотина евра за вечер.

Љупчо Дон Николовски за 6 ноќевања во САД потрошил 2850 евра само за хотели.

Љупчо Дон Николовски плаќал хотелска соба по 500 евра во Њу Јорк и Вермонт, а 450 евра во Чикаго.

Во Италија во Рим Дон Николовски плаќал 300 евра за хотел од вечер.

По примерот на Бисера Антоанета и Дон Николовски се луксузирал во Виена, за две ноќевања со државни пари се платени 670 евра.

И кога патувал во соседството, како во Бугарија, Дон Николовски исто патувал луксузно, за хотел во Софија за една ноќ платил 150 евра.

Ова се министрите од СДС. Ова е Дон Николовски кој имаше десетици милиони неисплатени субвенции. Заради ова велиме дека државата е ограбена.

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер