Македонски и српски државјанин се убиените во менувачницата во Кисела Вода

Македонски и српски државјанин, двајцата со криминална позадина, се двете лица кои минатиот понеделник, 27 ноември, се обидоа да ограбат менувачница во Кисела Вода, при што беа убиени од нејзиниот сопственик, соопшти денеска Јавното обвинителство на република Македонија (ЈОРМ). Основното јавно обвинителство-Скопје истата вечер при увидот го утврди идентитетот на едниот разбојник. Тој бил македонски државјанин и осуденик кој од користење слободен викенд во март годинава не се вратил во затвор.


- Тој летово бил сторител на петнаесетина разбојништва на банки, менувачници и обложувалници. Разбојништвата претежно ги вршел сам, но последниот пат се здружил со познатиот разбојник од република Србија, соопшти ЈОРМ.

Идентитетот на второто починато лице бил утврден преку споредба на папиларните линии од прстите на рацете. Станува збор за граѓанин на Србија по кого поради претходно сторени кривични дела била распишана потерница. Идентификацијата е потврдена и од страна на српските надлежни органи.
- Иако за обвинителството првично се утврдени потребните факти и докази што ја откриваат вистината и одговорноста за тоа што се случило, за да се потврди дали навистина сопственикот на менувачницата делувал во нужна одбрана, потребно е целосно прибирање на сите докази во предметот, по што ќе следува донесување на јавнообвинителска одлука, наведува јорм во денешното соопштение


Хајди Клум блесна во кожени панталони, привлече внимание со чанта од 26.000 евра

Германскиот супермодел Хајди Клум се појави на снимањето на шоуто „America's Got Talent“ во Пасадена, во кое таа е член на жирито.

51-годишната поранешна манекенка и ТВ водителка се појави во црни кожени панталони, бела маица и црна јакна. Комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици, ланче и очила за сонце, а вниманието го привлече со раскошна чанта.

Станува збор за чанта „Hermès“, поточно моделот „Birkin Quadrille“, чија цена се движи од 27.500 до 30.000 долари (24.000 до 26.000 евра).

Да потсетиме, Хајди неодамна позираше на црвениот тепих со колешката од шоуто, актерката Софија Вергара, а со своите изданија мамеа воздишки. Инаку, Хајди е позната и како кралица на Ноќта на вештерките поради необичните костими, а неодамна објави видео во кое покажа дел од костимот за овогодинешната прослава.

Остин во разговор со Галант ја истакна потребата за дипломатско решение за заканата од Хезболах

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин претходно денеска разговарал со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, соопшти Пентагон.

Остин ја „повтори својата загриженост“ поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Хезболах, се наведува во соопштението, и ја нагласи вербата на САД во „важноста од постигнување дипломатско решение што ќе им овозможи на жителите безбедно да се вратат во своите домови од двете страни на границата“.

Тој му рекол на Галант дека САД продолжуваат да вршат притисок за договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ја потврдил посветеноста на САД за безбедноста на Израел. /МИА

Германија поднесе кандидатура за домаќин на женското ЕП 2029 во фудбал

Германија е кандидат за домаќин на Европското првенство во фудбал за жени во 2029 година, соопшти денеска Германската фудбалска федерација (ДФБ).

Претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф изјави дека германската кандидатура е „главен проект“ на федерацијата и дека ќе му даде „дополнителен поттик“ на женскиот фудбал во Германија.

Противкандидати на Германија за организација на завршниот турнир се Португалија, Данска и Шведска.

Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално ќе го објави името на земјата домаќин во 2025 година.

Генералниот секретар на ДФБ, Хајке Улрих, ја смета Германија за „сигурен домаќин со одлична стадионска инфраструктура и одлична соработка меѓу градовите домаќини и локалните власти“.

Германија беше домаќин на Европското првенство за мажи во 2024, а го организираше ЕП за жени во 1988 година, во Западна Германија и во 2001 година. /МИА

притисни ентер