Македонската кајакарска репрезентација замина на Светското првенство во Шпанија

Македонската репрезентација во кајак спуст составена од четири натпреварувачи, Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов, сите членови на ККК Арка Борец од Велес, денес заминаа на Светското првенство во Шпанија.

Македонски кајакарски репрезентативци од 14 - 18 август ќе се натпреваруваат во индивидуални и тимски натпревари на светското сениорско и мастерс првенство во кајак спуст во градот Саберо, Шпанија,информира за МИА,Љубомир Спасиќ.

Воедно потсетува дека на оваа патека во 2021 година се одржа Европското сениорско првенство каде најзабележитен резултат беше 6. место во тимскиот настап постигнат од страна на Спасиќ, Небиовски и Златаров.

- Имавме напорни подготовки и очекуваме врвни резултати и да го развиориме македонското знаме во Шпанија, истакна Спасиќ.

Општина Велес пред заминување ги снабди македонските кајакари со нови заштитни шлемови на кои е исцртан општинскиот грб и македонското знаме.

25- годишен маж пукал во деца кои сакале да го ограбат-тешко се повредени, едното е критично

Повеќе деца се повредени во обид за божиќен грабеж во Хјустон, а полицијата верува дека децата се извршители на неуспешниот грабеж.

На прес-конференција одржана од канцеларијата на шерифот на округот Харис, мајорот Саул Суарез рече дека обидот за грабеж се случил во средата нешто по полноќ. Полициски службеници одговориле на повик од станбен комплекс во северозападниот дел на градот, каде што пронашле неколку момчиња со прострелни рани.

Момчињата на возраст од 12 до 14 години биле пренесени во блиската болница. Еден од нив бил во критична состојба, додека другите двајца се во стабилна состојба, соопшти полицијата.

Официјални лица веруваат дека пукањето се случило кога децата се обиделе да ограбат 25-годишен маж, за кого полицијата соопшти дека пукал со својот пиштол кон нив.

Уапсени се едно од момчињата вклучени во грабежот и човекот кој пукал во нив.

Името на мажот не е објавено, а останува нејасно дали ќе се соочи со обвинение. За тоа ќе одлучуваат обвинителите или големата порота.

Девојката на момчето што пукал кон децата зборувала за деталите од грабежот. Како што објаснила, на враќање од божиќна забава, биле опкружени со најмалку четири вооружени момчиња, а нејзиното момче на почетокот мислело дека тоа е шега.

Фифти Сент и Еминем ќе објават заеднички албум

Изгледа дека соработката што многу фанови ја чекаа конечно ќе се оствари.

Имено, 50 Cent потврди дека ќе сними заеднички албум со Еминем.

Откако Еминем неодамна откри дека единствената пречка за проектот е нивниот „сопствен тајминг и организација“, 50 Cent се огласи на Инстаграм за да објави дека ќе излезе од рапската пензија за да сними албум. Тој вчера ја сподели веста која многумина ја чекаа. „По сѐ изгледа ќе се вратам во студио!“ напиша тој. „Прво треба само да ги направам шоута во Вегас.“

Пред рап ветераните да влезат во студиото, 50 Cent ќе влезе во историјата со својот прв голем концертен серијал во Лас Вегас насловен „50 Cent: In Da Club“. Настанот започнува вечерва, а завршува на 4 јануари.

Дури минатата година, 50 Cent откри дека работи на нова музика и рече дека Еминем веќе го контактирал тогаш. Тој наводно му рекол дека д-р Дре, кој исто така треба да биде дел од проектот, подготвува нешто посебно. „Штом го кажав тоа, добив порака од Еминем дека тој веќе разговарал со Дре и дека Дре прави нешто, и има некои луди работи што треба да ги слушнам“, се сеќава 50 за Биг Бој во тоа време.

Тој исто така објасни како вклученоста на Дре го носи проектот на следното ниво: „Ќе направам нешто и ќе ја барам најдобрата музика што можам да ја смислам. И кога ќе најдам нешто што навистина ми се допаѓа , го носам Дре за да го турнам да ми понуди нешто затоа што тој секогаш има нешто... Секогаш имал нешто.“

Објавата на Фифти набрзо собра над 150 илјади лајкови, а фановите во коментарите се воодушевени. „Трпеливо чекавме“, „ова може да го спаси хип хопот“, „сè со допирот на 50 и Еминем се претвора во злато“, се само дел од коментарите.

Основно јавно обвинителство Скопје: Доставен е предлог за одземање на пасошот на Деспотовски

По веста во дел од медиумите дека поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски е приведен, а тој категорично демантираше, од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека против него се води претходна постапка.

По веста во дел од медиумите дека поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски е приведен, а тој категорично демантираше, од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека против него се води претходна постапка поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик..

Надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за одземање на патна исправа и обврска за повремено јавување во судот како мерки на претпазливост. Во предметот се уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција.. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа, информираат од Обвинителството..

притисни ентер