Македонска филхармонија и „Тиквеш“: Спој на префинета музичка уметност и врвно вино

Директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески денеска соопшти дека културната институција и винарската визба „Тиквеш“ ја официјализираат соработката, што е мотивирана и иницирана од континуираниот стремеж да им се овозможи на љубителите на уметноста совршено уживање во префинети нешта.

- Чест ме е да го објавам официјализирањето на новата соработка со реномираната компанија „Тиквеш“, што започна со новата концертна сезона 2017/2018 на Филхармонијата. Особено ми е драго што на еден симболичен начин ја започнуваме соработката со најава за концетот на 14 февруари, кога се одбележува Денот на лозарите и Денот на вљубените, нагласи Илиески.

Тој посочи дека Филхармонијата во изминатиот период остварила големи успеси, што се должат на унапредениот програмски дел, како и на новите простории.

Менаџерот за односи со јавност на „Тиквеш“ Елена Младеновска, наведе дека концертот, што ќе се одржи на 14 февруари, е дел од пошироката платформа насловена „Falling in wine with you“ со која „Тиквеш“ ги обединува прославите на Денот на вљубените и празникот на лозарите и винарите преку нивниот заеднички именител – виното.

- Восокото реноме на Македонската филхармонија, квалитетот и уметничпкиот дострел се од големо значење за публиката и уметноста. Оттаму за нас беше логично да ги поврземе врвните македонски вина и бреднот „Тиквеш“ со една ваква институција, истакна Младеновска.

Бајден и Трамп прифаќаат дебата пред претседателските избори

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот противкандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, соопштија дека прифаќаат јавна дебата пред изборите.

81-годишниот Бајден, кој се кандидираше за втор мандат, во радио интервју, прашан дали би учествувал во јавна дебата со неговиот 77-годишен претходник од републиканците рече дека „со нетрпение би го очекувал“.

Ова е прв пат Бајден јасно да стави до знаење дека е подготвен за дебата со својот републикански ривал.

Трамп, кој одби да учествува во дебати дури и со ривалите од сопствената партија, пак изјави дека е подготвен за дебата со Бајден „во секое време, каде било“.

Блинкен се очекува во Саудиска Арабија на самит за глобална економија и за Газа

Највисокиот дипломат на Вашингтон е меѓу лидерите кои се очекуваат на економскиот самит организиран од Саудиска Арабија, што треба да почне в недела, со силен фокус на тешката војна во Газа, рекоа организаторите.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен „ќе дојде директно од неговите посети во Кина и на пат за Израел“, рече Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум на прес-конференција денеска во Ријад.

Други учесници на дводневниот специјален состанок се палестинскиот претседател Махмуд Абас и министрите за надворешни работи и премиерите од целиот Блиски Исток и од Европа.

Тие вклучуваат министри за надворешни работи од Франција, Германија, Обединетото Кралство и ЕУ и премиери од Катар, Јордан, Египет и Ирак, се вели во соопштението на СЕФ.

„Вкупно 12 шефови на држави и влади се појавуваат меѓу повеќе од 1.000 учесници“, рече Бренде.

Отворен нов Тинекс маркет во општина Илинден

По повод годинешниот 30-годишен јубилеј, Tинекс отвора уште е неколку нови маркети.

Денеска беше пуштен во употреба маркетот во скопската општина Илинден.

притисни ентер