Македонска делегација на сеќавањето на загинатите Евреи во логорот Маутхаусен

Македонска делегација присуствуваше и положи цвеќе по повод денешното сеќавање на Евреите кои загинале во Логорот Маутхаусен во Австрија.


Делегацијата на Република Македонија ја предводеше амбасадорот Ѓорѓи Филипов, а дел од неа беа и амбасадорот Кире Илиоски, амбасадорот на културата Елена Мисиркова и претставникот на Македонската културна заедница во Виена, Димче Лазовски, соопшти македонската амбасада во Виена.

Од име на македонските граѓани и во знак на сеќавање на починатите и преживеаните логораши, македонски Евреи, родољуби, тие положија венец свежо цвеќе. Постојат сведоштва за престој на македонски Евреи во овој логор, за загинати, но и преживеани односно спасени. Меѓу нив е и дедото на актуелниот директор на македонскиот „Музеј на холокаустот“ што се наоѓа во Скопје.

Годинешното меѓународно одбележување во поранешниот логор Маутхаусен се одржа во чест и слава на спасувачите на Евреи, кои покажувајќи неизмерна храброст, успеале да спасат Евреи од затворање, депортирање или екгзекуција.

На одбележувањето присуствуваа околу 10.000 учесници од сите краишта на светот, меѓу нив и преживеани логораши.

Во логорот, во периодот од 1938 до 1945 престојувале околу 200.000 Евреи и припадници на 70 останати нации и вери, но и противници на нацистичкиот режим. Од нив не успеале да преживеат 90.000.

Годинешново сеќавање се одвиваше под мотото „Вредноста на животот“, а го организираа Меѓународниот комитет Маутхаусен, Здружението на преживеани логораши од Маутхаусен, како и Владата на Австрија преку Министерството за внатрешни работи.

Австриската делегација ја предводеше претседателот на Парламентот, Барбара Прамер, а на настанот присуствуваше и канцеларот Вернер Фајман.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер