Македонија мундијалските квалификации ги почнува со Албанија на гостински терен

Македонската фудбалска репрезентација новиот квалификациски циклус за Светското фудбалско првенство ќе го стартува во Албанија на 5 септември 2016, а првиот домашен дуел ќе го игра со Израел на 6 октомври идната година.

Италија ќе дојде во Скопје на 9 октомври 2016 година во рамките на 3.коло.

Распоред на натпреварите што Македонија ќе ги игра во Г-групата од квалификациите за СП 2018 во Русија:

1.коло (5 септември 2016) Албанија – Македонија,
2.коло (6 октомври 2016) Македонија – Израел,
3.коло (9 октомври 2016) Македонија – Италија,
4.коло (12 ноември 2016) Шпанија – Македонија,
5.коло (24 март 2017) Лихтенштајн – Македонија,
6.коло (11 јуни 2017) Македонија - Шпанија
7.коло (2 септември 2017 ) Израел – Македонија,
8.коло (5 септември 2017) Македонија – Албанија,
9.коло (6 октомври 2017) Италија – Македонија,
10.коло (9 октомври 2017) Македонија – Лихтенштајн. /МИА

На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти

Германската полиција приведе осум климатски активисти кои упаднаа на аеродромот во Минхен. Аеродромот по два часа повторно почна со работа, но можни се доцнења на некои летови.

Шест климатски активисти се залепија на две места на пистата на аеродромот во Минхен. На еден од транспарентите пишуваше „Проблемот е владата, а не нашиот празник“.

Протестот беше организиран од климатската група „Лас џенерејшн“ (Last Generation), која и претходно имаше вакви акции.

Поради протестот на климатските активисти од аеродромот во Минхен беа откажани 60 летови./МИА

Чести самопрегледи и заштита од сонце, советуваат дерматолозите за заштита од меланом

Чести самопрегледи и заштита од сонце, се клучните совети на кумановските дерматолози за превенција и заштита од малигни меланоми. 

Од Болницата во Куманово наредната недела организираат бесплатни прегледи за сите пациенти како еден од начините да се зајакне свеста за превенција од меланом.

- Пациентите можат самите да се прегледаат, особено да посветат внимание на експонираните делови - лице, глава, ушни школки, раце, нозе, грб. Тоа е првиот чекор што го советуваме, кога ќе забележат промена која им е различна, нова да се јават кај првиот дерматовенеролог. Следува макроскопски преглед да се види промената. Со дермаскоп се гледа структурата на промената и врз основа на тоа се прави разлика дали е бенигно, малигно, што понатаму, вели примариус доктор Виолета Кузмановска, раководител на Одделението за дерматовенерологија во Општата болница во Куманово.

При проверка, пациентите треба да се запознати со системот за евалуација на промени на кожата, односно меѓународното правило (АБЦДЕ): A - асиметрија, Б - border/рабовите на самата промена ако се неправилни, Ц - color, промена на бојата, Д - дијаметар, односно неправилности на формата и Е - evolution/ развој кој се однесува на одредени израстоци.

- Тоа се првите знаци што се гледаат со дермаскоп, со зумирање ни даваат насока како понатаму да постапуваме, појаснува доктор Кузмановска.

Посочува дека е важно да се користи заштита од сонце особено ако се оди покрај вода или природа со креми со заштитен фактор 50 кој треба правилно да се нанесува, особено на експонираните делови, неколку часа пред да се излезе на сонце и постапката да се повторува. Многу е важно да се заштити кожата со капи, очила за сонце затоа што, како што појаснува докторката, се јавува меланом и на окото.

- Секоја година во мај е акција што се спроведува на ниво на Европа во кое се зачленети 11 земји меѓу нив и Македонија и Здружението на дерматовенеролози на Македонија. Врз основа на тие испитувања од сите земји збирно се прави програма за превенција за следната година за да се намали бројот не само на меланоми, туку генерално на сите кожни промени што се симптоматични за да не поминат во карцином на кожа. Драго ми е што со години и кумановската Болница е вклучена во таа организација. Идната недела, во понеделеник и вторник од 7 до 10 часот во амбулантата за дерматовенерологија при Општата болница може да се направат бесплатни превентивни прегледи за бемки, нагласува д-р Кузмановска.

Според неа, загрижувачки е што расте бројот на заболени лица од меланом на ниво на градот, а се намалува и возрасната граница.

- Факт е дека има пораст на карциноми не само на меланоми и дека се намалува возрасната граница, што загрижува, вели доктор Кузмановска.

Промените што можат да предизвикаат меланом, како што појаснува Кузмановска, најмногу се јавуваат поради генетика, потоа поради поголема изложеност на сонце особено кај некои професии и занимања како што се земјоделци, градежни работници, рибари..... Најчесто заболените се на возраст од 50 до 60 години, но од кумановската Болница велат дека проблем за младата популација е користењето на солариум.

- Младите не се штитат со заштитен фактор, дел од нив користат солариуми за кои ние, дерматолозите, велиме исклучиво не. Најголем проблем е што пациентите доаѓаат доцна, никогаш на време. Мислат дека промената сама од себе ќе помине и постојано укажувам дека ако една раничка за месец дена не заздрави, значи дека не е раничка, мора да се оди понатаму, да се извршат испитувања. Ако навреме се препознаат, нема простор за грижа, нагласува доктор Кузмановска.

По првичното мислење на дерматолозите, се чека на второ мислење од Клиника. Тогаш се решава дали меланомот ќе се отстранува хируршки или ќе се применат други средства како маст, спреј, криотерапија....

Кузмановска вели дека од меланом поеднакво страдаат и мажите и жените, а во однос на исхраната, препорачува сезонска храна богата со овошје и зеленчук.

- Мит е дека тенот има влијание за појава на меланом. Луѓето со посветол тен побурно реагираат на сонце, но нема разлика во однос на меланомот. Важно е сите да користат заштитен фактор, порачува доктор Кузмановска.

Во претстојниот период, пролетните и летните месеци добро е да се заштити телото со лесна и светла облека особено при експонирање на сончевата светлина покрај вода. /МИА

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.

Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.

Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.

Тие (Русите) можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право, наведе Зеленски.

Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.

Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина, истакна Зеленски.

Украинскиот претседател во интервјуто се осврна и на тоа со колкава воена опрема располага Украина. Тој истакна дека Украина бара од 120 до 130 авиони ловци Ф-16 за да може да го одбрани небото од 300 руски авиони.

Ни треба толкав број на Ф-16 за да имаме рамнотежа на силите. Украина има само една четвртина од системите за противвоздушна одбрана што и се потребни и има потреба од 120 до 130 ловци Ф-16 за да се стави крај на доминацијата на Русија во воздухот, потенцира Зеленски. /МИА

притисни ентер