Македонија и светот во чест на жртвите од масакрот во Сребреница- било да не се повтори никогаш

Босна и Херцеговина се сеќава на геноцидот во Сребреница. Илјадници луѓе денеска излегоа на маршот на мирот посветен на жртвите од крвавите настани кои се случија пред 23 години.

Како секоја година, така и оваа, во меморијалниот центар во Поточари се одржа комеморација за настраданите, пораките исти – никогаш да не се повтори.

-Како човек и како висок претставник, сакам да го повторам тоа што многу пати до сега е кажано, и мора да се повтори уште безброј пати – геноцидот во Сребреница никогаш не требаше да се случи, како што не требаше да се случат ни сличните настани во други делови на источна Босна и целата земја. Тоа се големи дамки на нашата совест, кои не можат да се отстранат, изјави Валентин Инцко – висок претставник за БИХ.

Бошњаците беа издадени кога беше заклана заштитената зона од Обединетите нации тука во Сребреница. Тие работи никогаш не можат да се поправат.

Единствениот српски политичар пак кој и оваа година дојде на комеморацијата Чедомир Јовановиќ. Од меморијалниот центар порача дека пред 23 години во Сребреница страдала Босна и нејзиниот народ , додека тие кои го негираат геноцидот, страдаат секој ден.

Каква порака може да излезе од тука? Мислам дека Бошњаците страдаа овде еднаш пред 23 години, а мојот народ и сите кои го негираат геноцидот, страдаат секој ден.

Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница се одбележува и во Македонија. На свечената комеморација од законодавниот дом, спикерот Џафери со порака – Сребреница никогаш да не се заборави.

Злосторството во Сребреница, во 2007 година Меѓународниот суд во Хаг го квалификуваше како геноцид, а обвинети беа Радован Караџиќ и Ратко Младиќ

Годинава во Поточари ќе бидат погребани посмртните останки на 35 лица. До сега во меморијалниот центар се погребани 6.575 жртви. Точниот број на загинати сеуште не се знае бидејќи и по повеќе од две децении, посмртните останки на над 1.000 лица не се пронајдени.

Израел почна евакуација на Рафа пред планираната воена операција

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска почнаа да го евакуираат Рафа во јужниот дел на Појасот Газа пред планираната воена операција во градот.

- Почнуваме операција со ограничен опсег за привремено евакуирање на жителите на источен Рафа, изјави портпаролот на ИДФ.

ИДФ ги повикаа жителите на источниот дел на градот на границата со Египет да се преселат во кампот Ал-Маваси на Медитеранот неколку километри северно. Според портпаролот на ИДФ, се проценува дека се погодени околу 100.000 луѓе. Тие биле информирани преку СМС порака, телефон, летоци и преку медиуми на арапски јазик.

Луѓето треба да одат во „проширена хуманитарна област“ во областа Ал-Маваси. Таму има храна, вода и лекови, рече портпаролот на ИДФ. Армијата исто така постави теренски болници. Портпаролот не можеше да каже колку време имаат луѓето да се евакуираат.

Тој нагласи дека доставувањето хуманитарна помош за населението ќе продолжи непречено за време на операцијата за евакуација. Таа може да се донесе до крајбрежниот појас преку различни рути, на пример преку пристаништето во Ашдод.

ОН ја осудија забраната на Ал Џезира во Израел

Обединетите нации ја истакнаа важноста на слободата на медиумите по одлуката на Израел да ја забрани Ал Џезира во земјата.

- Ние сме силно против секоја одлука за укинување на слободата на медиумите. Слободните медиуми обезбедуваат непроценлива услуга за да се обезбеди јавноста да биде информирана и ангажирана, изјави синоќа во Њујорк портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопшти дека неговиот кабинет едногласно гласал за затворање на телевизијата Ал Џезира во Израел. Телевизијата ја осуди одлуката и истакна дека ќе ги искористи „сите можности“ за заштита на своите права и вработените.

Филипче им вети на поддржувачите: СДСМ нема да ве изневери, но сега е потребна вашата поддршка

„Како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам овде за вас достапен и со слух за секој проблем.

„Како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам овде за вас достапен и со слух за секој проблем. Никогаш повеќе СДСМ нема да биде салонска партија, туку партија која живее и работи меѓу граѓаните, меѓу членовите“, пред струмичани го истакна др. Венко Филипче, кој како носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина вечерва се обрати на централниот митинг во Струмица.

Филипче истакна дека во изминатите 20 дена се сретнал со многу нови луѓе, запознал и верни членови на СДСМ и вистински социјалдемократи, но и луѓе разочарани од политиките на партијата. Кон нив Филипче упати директна порака:

„Пред сите нив, а сега и пред вас исправено стојам и кажувам: СДСМ нема да ве изневери. Не можеме да си дозволиме да молчиме, не можеме да си дозволиме да останеме дома. СДСМ ќе се промени. Но, не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ. Ве повикувам да им се спротивставите на оние кои се обидуваат да нè потценат и уценуваат. Да им се спротивставиме на оние кои сакаат да нè поделат и кумуваат со нашите противници. Никогаш не се откажавме од основните постулати на социјалдемократијата, мирот, слободата, еднаквоста и грижата за секој“, рече Филипче.

Филипче повика на обединување и мобилизација:

„Да не дозволиме поделба, да избереме единство. Ова е време да покажеме дека срцето на оваа партија чука силно, а тоа срце е секој од вас. Не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ“, рече Филипче.

Тој додаде и дека не било лесно да се донесат визионерски одлуки со кои се решаваат проблемите за овие и за многу следни генерации и потенцираше дека ова е суштинската разлика помеѓу она што го нуди СДСМ и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ.

Тој повика на единство во партијата и мобилизација за поддршката за СДСМ, која како што вели, нема да ги изневери граѓаните бидејќи не се работи за победа на избори туку обезбедување на иднината што сите ја заслужуваат.

„Ова е суштинската разлика помеѓу она што го нудиме ние и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ. Ние играме со отворени карти. Вие знаете каде сме, каде одиме и што сакаме да постигнеме. Нема скриени агенди, нема завиени и лажни одговори. ВМРО-ДПМНЕ игра со скриени карти. Тие се како оние продавачи кои ви продаваат производ во темна, затворена кутија во која не се гледа производот. Ви велат, може да ја отворите само после изборите, само откако ќе платите со вашиот глас. А кога некој ви продава производ што не може да го видите, бидете сигурни дека со тој производ нешто не е во ред“, потенцира Филипче.

Скопје, 6 мај 2024

СДСМ

притисни ентер