Македонија домаќин на Европско првенство во кајак на диви води

Европското првенство во кајак на диви води во спринт и класик за сениори ќе се одржи на патеките на реките Вардар и Матка во Скопје почнувајќи од утре (11 мај) па се до недела (14 мај).


Вкупно 176 учесници од 18 земји ќе продифелираат со своите кајаци во наредниве четири дена и ќе го збогатат спортскиот изглед на Скопје.
- Голема е честа, но и одговорноста за организација на еден ваков настан каков што е Европско сениорско првенство во кајак на диви води во спринт и класик. Агенцијата за млади и спорт секогаш е главниот подржувач на настани организирани од кајак федерација на Македонија, која во изминативе години е водечка во организирање на натпревари од меѓународен карактер. Така за организација на овој настан од буџетот на Агенцијата се одвоени 1,2 милиони денари. Свеченото отворање на настанот е плоштад Филип II Македонски со почеток од 20 часот. Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Скопје и пошироко да бидат дел од оваа манифестација која има огромно значење како за градот Скопје, така и за Македонија, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

На прес конференцијата зборуваа и претседателот на Кајак федерацијата на Македонија Коста Ефтимов, како и спортскиот директор на кајакарската федерација на Македонија и технички организатор на натпреватрот, Атанас Николовски.

- Припремите за старт на Европското првенство во кајак на диви води е во завршна фаза. Очекуваме оклу 180 старта, што укажува на масовност на ова натпреварување, а за квалитетот зборува учеството на словакот Матеј Пенуш, второпласираниот на ОИ Рио, Нејц Ждинанчиќ од Словенија, Томислав Леко од Хрватска, како и одличниот тим од Франција, сите кои во моментов се во врвот на европскиот и светски врв, потенцира Николовски.

Посебно е задоволството што овогодинешниот меѓународен календар на натпревари стартува токму од Македонија, која е домаќин на Европското јуниорско во 2018, но е и еден од посеризните кандидати за организација на светското сениорско кое е на календарот на натпревари во 2019.
Николовски изрази голема благодарност до сите волонтери од Македонија, на кои на големо задоволство им се приклучуваат и волонтери од Босна.
Македонскиот тим брои 7 натпреварувачи од кои 4 во К1, 1 во Ц1 и двајца во Мастерс. Најмногу се очекува од Љубомир Спасиќ, вториот од европскиот куп во спринт.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер