Мајка од пеколот : Американка си ги задавила своте три мали деца (ВИДЕО)

Полицијата вчера ја уапсила Рејчел Хенри (22) под сомнение дека ги убила своите три мали деца, едно по едно, во нејзиниот дом во Феникс, Аризона, а потоа ги поставила телата на троседот за да изгледа како да спијат.

Хенри се изјасни за виновна и сега е во затворот во округот Марикопа. 30-годишниот татко на деца и 49-годишниот братучед, исто така, беа приведени во притвор, пренесува Ројтерс.

Полицијата првично соопшти дека причината за смртта на децата допрва треба да се утврди и дека немало очигледни знаци на траума на нивните тела. Но, Хенри подоцна признала во полицијата дека ги задавила своите деца - две девојчиња, на возраст од 7 месеци и една година, и 3-годишно момче, почнувајќи од нејзината постара ќерка.

Таа рече дека им ја ставила раката преку носот и устата додека не престанале да дишат. Раскажа дека тригодишниот син ја посматрал како ја дави неговата сестра и викал да престане, ја удирал , но попусто.

Таа потоа го задавила 3-годишникот на подот во спалната соба додека му пеела детска песна. Мајката прво ја нахранила седуммесечната ќерка, а потоа ја задавила, пеејќи и приспивна песна.

Потоа, Хенри ги поставил децата „на каучот во дневната соба како да спијат“, без да им каже на другите двајца возрасни во куќата што се случило. Кога таткото и братучедот дознале што се случило, веднаш повикале полиција.

Точниот мотив за овие грозни убиства не е познат, но еден станар рече дека Хенри „била зависник од метамфетамин”.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер