Луксузот на италијанската мафија (ФОТО+ВИДЕО)

Италијанската полиција денеска заплени осум луксузни вили во Рим во сопственост на припадници на мафијата.

Луксузните вили биле изградени од најозлогласениот клан во Рим. Градоначалничката Вирџинија Раџи изјави дека вилите во сопственост на кланот Казамоника ќе бидат урнати до крајот на годината.

,,Денеска е историски ден за Рим и Римјаните. Прекинуваме со повеќегодишната незаконска градба и праќаме силна порака до кланот Казамоника.“ , изјави градоначалничката.

Казамоника со години работела во тајност , а го привлече вниманието на јавноста на раскошниот погреб на еден свој кум во 2015. Врз присутните на погребот од хеликоптер биле фрлани ливчиња од рози , а на оградата на базиликата биле закачени плакати на кои пишувало: ,, Го освои Рим , сега освој го и рајот.”

Во мај се уапсени 33 членови на тој клан во луксузни недвижности полни со позлатени огледала, мермерни статуи и екстравагантен раскошен мебел.

Според градоначалничката , некои од вилите биле изградени на заштитени подрачја , па дури и врз археолошки локалитети.

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

притисни ентер