Луксузен часовник може да купат само сопствениците на најновото Порше

60-годишнината од култниот спортски автомобил Porsche 911 ја слави Porsche Design со ограничена едиција Chronograph 1 – 911 S/T, кој ќе биде понуден исклучиво на сопствениците на 911 S/T.

Ограничен на 1.963 парчиња, хронографот му оддава почит на класичниот модел, Porsche 911 S/T 2.4, лесен спортски автомобил специјално развиен за трки. Овој часовник зрачи со комбинација на елеганција и спортски стил. Со лесна, необложена и пескарена конструкција од титаниум, часовникот е споен со бројчаник и прстен со рамка која е покриена со црна боја.

Втиснати на бројчаникот на часовникот, арапските бројки на подбирачите, скалата на минути и приказот на денот и датумот се обложени со светла, фосфорно зелена нијанса. Индексите и стрелките се прикажани во контрастно бело, додека бројот 60 на минутната скала е означен со црвено, во знакот на оваа специфична годишнина.

Внатре во часовникот, хронографот го контролира Porsche Design WERK 01.240, кој е сертифициран од COSC. Механизмот е делумно видлив од задниот дел на куќиштето и е дизајниран да личи на изгледот на алуминиумското тркало 911 S/T.

Тркалото доаѓа во сјајно сребрено, темно сребрено и црно, додека централниот амблем може да се избере во графика „S/T“ или историскиот грб на Porsche. Достапни се и ремени изработени од титаниум, како и оние од рели кожа во класична црна или коњак боја.

Секоја верзија е придружена со комплет додатоци, како и означена и уникатно нумерирана плочка за часовници. Часовникот е со цена од 13.500 долари (12.342,71 евра) и ќе биде достапен во Porsche Centers и Porsche Design продавниците. Иако не е мал трошок, веруваме дека оние кои веќе инвестираат 290.000 долари во новиот 911 S/T со GT3 RS нема да почувствуваат значителни пречки кога станува збор за купувањето на овој часовник.

Германската опозиција не се шегува: Бараат да се ограничи цената на донерот

Поради растот на инфлацијата во Германија, опозицијата предложи да се ограничи цената на донерот, омиленото јадење кое стана популарно благодарение на имигрантите од Турција во 70-тите години на минатиот век.

Како што пренесува „Бизнис инсајдер“, цената на овој популарен оброк е повеќе од двојно зголемена поради зголемената инфлација, поради што германската левичарска партија (Die Linke) му предложила на канцеларот Олаф Шолц неговата цена да биде ограничена.

Германскиот канцелар постојано ја отфрли можноста за воведување ценовни ограничувања и владина интервенција на пазарот.

Во Германија, која има над 83 милиони жители, годишно се продаваат околу 1,3 милијарди порции ќебапи, чија просечна цена е околу осум евра. Пред две години просечната порција донер беше околу четири евра.

„Владата мора да интервенира за да спречи донерот да стане луксузна храна за богатите“, вели Кети Гебел, портпаролка за младински прашања во германската левичарска партија.

Оваа партија планира да и предложи на Владата цената на донерот да се ограничи на 4,9 евра, односно 2,9 евра за студентите и младите кои имаат недоволни приходи, а владата би обезбедила субвенции за цената. Владата во Берлин во февруари објави дека цените на храната во земјата растат поради поскапувањето на енергијата и зголемувањето на платите.

„Високата кирија на простории, енергија и храна се најголемите трошоци на продавниците за донер. Доколку се намалат, ќе падне и цената на донерот. Цената на донерот ќе остане висока ако владата не преземе ништо“, вели Кети Гебел.

За овој проблем претходно зборуваше и германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој изјави дека секогаш каде и да оди ги прашува младите за промената на цените на донерот.

„Разговарајте со Путин, платив осум евра за донер“, му дофрлил еден од случајните минувачи во 2023 година.

Канцеларот Шолц претходно ја отфрли можноста за владина интервенција и поставување на ценовни лимити. Тој ја пофали Европската централна банка за борбата против инфлацијата. Сојузниот завод за статистика соопшти дека инфлацијата во Германија се зголемила за 5,9 отсто во 2023 година, а цените на енергијата се зголемиле за 5,3 отсто минатата година. Како резултат на тоа, цените на енергијата во Германија се зголемија за 29,7 отсто до 2022 година.

Студијата спроведена во Шкотска во 2009 година покажа дека донерот е меѓу најнездравите оброци на таканаречената улична брза храна. Имено, студијата покажала дека просечниот донер ќебап содржи 98 отсто од препорачаниот дневен внес на сол за возрасни и дури 150 отсто од препорачаниот дневен внес на заситени масти за возрасен.

Први разовори за состав на новата македонска влада

Речиси два часа трееше првата средба на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ. Договорени се трите главни начела по кој ќе се води новата Влада. 

Три дена по изборите, челниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“, го направија првиот чекор - одржаа состанок за да разговараат за формирање на владина коалиција. Идниот мандатар Христијан Мицкоски заедно со партиските потпретседатели, отиде во штабот на албанската коалиција на плоштадот Скендербег, кадешто го пречекаа четворицата партнери – Меџити, Гаши, Касами и Таравари. На влегување лидерот на ВМРО-ДПМНЕ даде само краток коментар за медиумите.

„Прва средба за запознавање.“

По состанокот од неговата партија испратија соопштение за исходот.

„Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање.“

И од ВМРО-ДПМНЕ и од „Вреди“ претходно ги демантираа низата шпекулации дека меѓу двете страни изминативе денови веќе имало поделба на ресори и директорски места.

Пред два дена пак Мицкоски во Само интервју кажа дека очекува конструктивен дијалог со партнерите и дека распределбата на функциите ќе соодвествуваа на реалноста, а не на фантазиите.

Според неговите очекувања, до конституирањето на Собранието најдоцна до 28 мај, има можност неговата партија од 58 да порасне до 61 пратеник, со поединци од другите коалиции. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува владино мнозинство од 74-75 пратеници, но најави разговори и со останатите партии за да се обезбеди двотретинско мнозинство неопходно за системски реформи.

Карлеуша отвора профил на сајтот за возрасни, OnlyFans, каде старлетите заработуваат милиони

Поп дивата Јелена Карлеуша откри дека наскоро ќе отвори страница на популарната веб-страница „OnlyFans “.

Како некој што отсекогаш кршел табуа на српската естрада, една нејзина објава на Инстаграм воопшто не изненадува, вест која има за цел да сруши сѐ, објави Телеграф.

Јелена објави како ќе се вика нејзината сметка, а со влогот на популарната сајт напиша:

- Наскоро.

Иако TikTok стана една од најпопуларните социјални мрежи, една од нив исто така забележа пораст на популарноста, а тоа е OnlyFans. Оваа платформа не е баш за секого, но тоа е место каде се заработуваат големи бројки.

Onlifens постои од 2016 година и го доживеа својот најголем подем за време на пандемијата, кога луѓето бараа нови можности да работат од дома и да заработат дополнителни пари. Беше замислен како место каде фановите ќе плаќаат месечна претплата за да видат ексклузивна содржина од нивните омилени јавни личности. Но, нејзината примарна функција се промени, па платформата Onlifens стана место каде повеќето корисници покажуваат малку повеќе - но не својот живот, туку нивните тела.

Иако има исклучоци, оние кои всушност го користат како што беше првично планирано, за споделување на нови видеа, музички видеа, музика, слики, моменти од зад сцената и други ексклузивни материјали кои не се објавени на друго место со обожавателите. Еве кој заработи најмногу оваа година:

5. Поранешната девојка на Канје Вест, Амбер Роуз, досега има заработено импресивни 26 милиони долари на платформата (каде што наплаќа по 5 долари месечна претплата).

4. Поранешната ѕвезда на Дизни, Бела Торн заработила 32 милиони долари.

3. Блек Чајна, кој откако наплаќала 19,99 долари месечно за гледање содржини, заработил 35 милиони долари.

2. Раперката Карди Би која неодамна заработи дополнителни 10 милиони долари, со што нејзината вкупна заработка достигна неверојатни 45 милиони долари.

1. Раперката Иги Азалеа, која две години нема издадено нова музика, досега на OnlyFans заработи 48 милиони долари, а тоа го направи за помалку од една година откако го отвори својот профил.

притисни ентер