Лукашенко: Можеби им помагаме на мигрантите, ние сме Словени, имаме срце

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во интервју за Би-Би-Си денеска изјави дека е „апсолутно можно“ неговите сили да им помогнале на мигрантите да преминат во Полска, но негира дека мигрантите биле поканети.

Во ексклузивното интервју во Претседателската палата во Минск, тој рече: „Мислам дека тоа е апсолутно можно. Ние сме Словени. Имаме срца. Нашите сили знаат дека мигрантите одат во Германија“.

„Можеби некој им помогнал, нема да се занимавам со тоа.“

Но, тој негирал дека поканил илјадници мигранти да дојдат за да предизвикаат гранична криза.

„Им реков дека нема да задржувам мигранти на границата, да ги држам на граница и ако продолжат да доаѓаат, нема да ги спречам повеќе, бидејќи тие не доаѓаат во мојата земја, тие одат во вашата.“

"Тоа е она што сакам да го кажам. Но, не ги поканив овде. И да бидам искрен, не сакам да минуваат низ Белорусија".

Лукашенко е на власт од 1994 година, но неговиот последен реизбор во август 2020 година е контроверзен и ЕУ не го признава.

ЕУ го обвинува за оркестрирање на мигрантската криза на границата со Полска, Литванија и Летонија како одговор на европските санкции за брутално задушување на протестите на опозицијата.

Најмалку 2.000 мигранти, главно од Блискиот Исток, беа блокирани во камповите во близина на белоруската граница со Полска, додека оваа недела не биле префрлени во блискиот логистички склад.

Има речиси 5.000 од нив во земјата, иако вчера стотици се вратија во Ирачки Курдистан.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер