Лукаревска: Стравот од блокада сам по себе е блокада

„СДСМ покажа и докажа дека не скршнува од тој пат, влеговме во НАТО следен чекор ни беше ЕУ агендата“

На крајот од оваа година ќе видиме дека ќе има посебен план за раст на земјите од Западен Балкан. Бидејќи ние ги пропуштивме шансите можеби нема да видиме од тие средства, а се врзани за реформи во судството, јасвната администрација. Ние испуштивме златна шанса минатата година заедно со колегите ов ВМРО-ДПМНЕ да ги донесеме уставните измени во собранието, Дури и нивниот коалиционен партнер кој што не им е во владата им понуди аслободување места во владата само и само да има консензус. Тогашно оправдување им им беше дека тогашниот парламентарен состав нема мандат за уставните измени. Сега да видиме дали овој парламентарен состав го има мандатот. Стравот од блокада сам по себе е блокада, СДСМ покажа и докажа дека не скршнува од тој пат, влеговме во НАТО следен чекор ни беше ЕУ агендата, рече Сања Лукаревска во Само Вистина.

Фото: Манекенка со бујни облини

Познатата американска манекенка Кара дел Торо на радост на следбениците на социјалните мрежи неодамна позираше за брендот за луксузна долна облека „Lounge“.

Фотографиите од сетот воодушевија многумина, бидејќи американската убавица е невообичаена манекнака. Таа има истакнати бујни облини што е секако нејзин најголем адут.

Кара дел Торо позираше во неколку модели на чипкаста долна облека, но највпечатлив беше оној кој ги истакна нејзините бујни гради.

Фото: Кристина Агилера во топлес за роденден

Кристина Агилера ги воодушеви фановите со провокативно роденденско издание!

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера повторно ги воодушеви своите фанови.

Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, споделувајќи фотографија на Инстаграм на која позира во провокативно издание.

Пејачката била облечена во кожени шорцеви, црна капа и штикли, а градите ги покрила со раката.

- Роденденски костум #44 - стои во описот на фотографијата, со која го предизвикала воодушевувањето на своите фанови.

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се сретнал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во Украина.

-Барнс сега ја посети Украина за последен пат како директор на ЦИА, рече Зеленски во пораката објавена на Телеграм, додавајќи дека двајцата имале многу средби за време на војната, но дека за повеќето од нив не се разговарало во јавноста.

-Тој и јас имавме многу средби за време на оваа војна и јас сум благодарен за неговата помош. Обично таквите средби не се објавуваат, а сите наши состаноци во Украина, во другите европски земји, во Америка и во другите делови на светот се одржаа без официјални информации рече Зеленски.

САД се најважниот финансиски и воен поддржувач на Украина во војната што започна пред речиси три години. Вашингтон, исто така, редовно споделуваше воено разузнавање со Украина за да ја поддржи нејзината одбрана.

Се очекува Барнс да се повлече од функцијата шеф на ЦИА откако републиканецот Доналд Трамп ќе дојде на власт во јануари 2025 година.

притисни ентер