Луис Хамилтон и Вини Харлоу во тајна врска со месеци?

Канадската манекенка и шампионот на Формула 1 три месеци ја држат својата врска во тајност - објави „The Sun“.

22 годишната Вини Харлоу и 31 годишниот Луис Хамилтон вчеравечер присуствуваа на доделувањето на GQ наградите „Men Of The Year“, но се избегнуваа и излегоа од различни страни, во обид да ја сокријат својата врска - пишуваат таблоидите.

Keeping her distance: Winnie Harlow and Lewis Hamilton were at pains to keep any signs of romance under wraps at Tuesday's GQ Men Of The Year Awards, held at London's Tate Modern


- Вини и Луис се познаваат извесно време. Се забавуваа во Њујорк минатата година, но последните месеци станаа поблиски. Не сакаат да предизвикаат сомнеж па на доделувањето на наградите се погрижија да не бидат фотографирани заедно - вели извор за The Sun.

- Засега не е ништо сериозно, но Вини навистина му се допаѓа на Луис - вели изворот.

Откако ја раскина долгогодишната врска со Никол Шерцингер, Луис Хамилтон беше поврзуван со Рита Ора, поранешната девојка на Џастин Бибер, Барбара Палвин, а се пишуваше и дека Кендал Џенер и Џиџи Хадид се натпреваруваат која ќе успее да го освои...

/извор: Дејли меил

Додик: Односите меѓу Бања Лука и Сараево можеби се на најлошо ниво

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави денеска дека односите меѓу Бања Лука и Сараево можеби се на најлошо ниво и дека мирот е единствената вредност за која се залага.

Додик истакна дека ситуацијата во БиХ е катастрофална, пренесе новинска агенција на Република Српска.

Тој рече дека претседавачот со Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, кажува лаги за Република Српска и дека со него не може да се отвори дијалог. /МИА

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Невладината организација „Иран Хјуман рајтс“ денеска соопшти дека од почетокот на годинава во Иран биле егзекутирани 223 лица и го осуди отсуството на фер судење.

Седум лица, меѓу кои две жени, беа обесени денеска во Иран, бидејќи Исламската Република ја зголемува употребата на смртната казна за политички цели, соопшти организацијата со седиште во Норвешка, објави „Фигаро“.

Парвин Мусави (53), мајка на две деца, беше обесена во затворот Урмија во северозападен Иран со пет мажи, од кои сите беа осудени за трговија со дрога, се вели во соопштението на организацијата.

Фатемех Абдулахи (27) е обесена во Нишапур на истокот на земјата поради убиство на нејзиниот сопруг, кој воедно и бил братучед.

Огранизацијата соопшти дека забележала 223 егзекуции годинава, вклучително и најмалку 50 само во мај, по крајот на персиската Нова година и Рамазан во април.

Иран е една од земјите каде што се извршуваат најмногу егзекуции заедно со Кина и Саудиска Арабија. Егзекуциите се вршат со бесење./МИА

Хасани:Руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста во Европа

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани смета дека руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста на европскиот континент и пошироко.

Хасани на меѓународната конференција „Ленарт Мери“ (Lennart Meri) во главниот град на Естонија, Талин изјавил дека „Албанија продолжува со својата јасна и цврста позиција во одбрана на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, во согласност со ставот на ЕУ, НАТО и САД".

-Албанија активно ги поддржува напорите и преземените иницијативи за да се обезбеди целосна одговорност за најтешките злосторства според меѓународното право извршени во Украина. Застанувајќи покрај Украина, Албанија ја поддржува политички, економски и воено, до постигнување праведен и стабилен мир, нагласил тој, јави АТА.

Прашан за улогата на Русија во светската безбедност, министерот Хасани, рекол дека „единствениот победник во овие турбулентни времиња е НАТО, сојузот на вредности и нации кои го сакаат мирот и ги почитуваат правата на народите".

Министерот Хасани остварил средби со премиерката Каја Калас, неговиот естонски колега Маргус Цахкна и шефот на Комисијата за надворешна политика во естонскиот парламент, Марко Михкелсон на кои изразил благодарност за континуираната поддршка на Естонија за процесот на интеграција на Албанија и Балканот во ЕУ./МИА

притисни ентер