ЛШ: Баерн пред невозможна мисија во Минхен, да се победи Барселона со повеќе од три голови

Најсилното европско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите вечерва ќе го добие првиот учесник во големото финале.

На Алианц арената во Минхен германскиот гигант Баерн ја пречекува големата Барселона на полуфиналниот реванш од Лигата на шампионите.
Каталонскиот великан во Минхен допатува со огромен триумф од првиот дуел на Ноу Камп од 3-0.

Што значи дека вечерашниот реванш ќе биде скоро невозможна мисија за домашната екипа, сезонава Барса на ниту еден меч не примила три или повеќе голови.

Пред вечерашниот реванш стратегот на Барселона Луис Енрике вели дека неговите фудбалер не смеат да се опуштат и покрај убедлуивата предност од 3-0 од првиот меч бидејќи Баерн е голем клуб со исклучително квалитетни фудбалери.

-Сите знаеме колку Баерн е голем клуб и ние ќе мораме повторно да одиграме на исклучително високо ниво доколку сакаме да се пласираме во финалето. Доколку постигнеме гол, тоа ќе биде многу добро за нас, меѓутоа баерн има квалитет да погодува и веќе ни создадоа многу проблеми во Барселона. Сепак нашата главна цел е пласманот во финалето . Не сакам луд натпревар. Мораме да го употребиме нашето најсилно оружје и да го победиме големиот ривал, истакна Енрике.

И покрај големата негатива од Ноу Камп од 3-0 предводникот на Баерн трофејниот Пеп Гвардиола се уште се надева на успех против својот некогашен клуб.

-За да се пласираме во финалето мораме вечер да постигнеме голови, секако прашањето е како?Јас верувам дека тоа се прави со добра игра и со создавање на шанси а не на гласен и хаотичен начин. Ќе се обидеме да им ја одземеме топката и да изградиме што повеќе шанси , што секако нема да биде лесно. Против себе ќе го имаме најдобриот тим во Европа. Губиме со 3-0 од најдобриот тим во Европа во последните 15-20 години, но ќе се обидеме да ја надокнадиме негативата, истакна Гвардиола.
Инаку и вечерва Баерн ќе игра без убиствениот напаѓачки тандем повредените Робен и Рибери.

Полуфиналниот реванш во Минхен меѓу Баерн и Барселона стартува во 20 часот и 45 минути. За вториот финалист утре во Мадрид ќе одлучуваат Реал и Јувентус, гигантот од Торино во Мадрид доаѓа со победа од првиот меч од 2-1.

Додик: Односите меѓу Бања Лука и Сараево можеби се на најлошо ниво

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави денеска дека односите меѓу Бања Лука и Сараево можеби се на најлошо ниво и дека мирот е единствената вредност за која се залага.

Додик истакна дека ситуацијата во БиХ е катастрофална, пренесе новинска агенција на Република Српска.

Тој рече дека претседавачот со Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, кажува лаги за Република Српска и дека со него не може да се отвори дијалог. /МИА

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Невладината организација „Иран Хјуман рајтс“ денеска соопшти дека од почетокот на годинава во Иран биле егзекутирани 223 лица и го осуди отсуството на фер судење.

Седум лица, меѓу кои две жени, беа обесени денеска во Иран, бидејќи Исламската Република ја зголемува употребата на смртната казна за политички цели, соопшти организацијата со седиште во Норвешка, објави „Фигаро“.

Парвин Мусави (53), мајка на две деца, беше обесена во затворот Урмија во северозападен Иран со пет мажи, од кои сите беа осудени за трговија со дрога, се вели во соопштението на организацијата.

Фатемех Абдулахи (27) е обесена во Нишапур на истокот на земјата поради убиство на нејзиниот сопруг, кој воедно и бил братучед.

Огранизацијата соопшти дека забележала 223 егзекуции годинава, вклучително и најмалку 50 само во мај, по крајот на персиската Нова година и Рамазан во април.

Иран е една од земјите каде што се извршуваат најмногу егзекуции заедно со Кина и Саудиска Арабија. Егзекуциите се вршат со бесење./МИА

Хасани:Руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста во Европа

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани смета дека руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста на европскиот континент и пошироко.

Хасани на меѓународната конференција „Ленарт Мери“ (Lennart Meri) во главниот град на Естонија, Талин изјавил дека „Албанија продолжува со својата јасна и цврста позиција во одбрана на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, во согласност со ставот на ЕУ, НАТО и САД".

-Албанија активно ги поддржува напорите и преземените иницијативи за да се обезбеди целосна одговорност за најтешките злосторства според меѓународното право извршени во Украина. Застанувајќи покрај Украина, Албанија ја поддржува политички, економски и воено, до постигнување праведен и стабилен мир, нагласил тој, јави АТА.

Прашан за улогата на Русија во светската безбедност, министерот Хасани, рекол дека „единствениот победник во овие турбулентни времиња е НАТО, сојузот на вредности и нации кои го сакаат мирот и ги почитуваат правата на народите".

Министерот Хасани остварил средби со премиерката Каја Калас, неговиот естонски колега Маргус Цахкна и шефот на Комисијата за надворешна политика во естонскиот парламент, Марко Михкелсон на кои изразил благодарност за континуираната поддршка на Естонија за процесот на интеграција на Албанија и Балканот во ЕУ./МИА

притисни ентер