Лозановска до опозицијата: Трагата од претходната влада е загаден воздух, 7 години крадење

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска.

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска, која ја критикуваше претходната власт за неефикасноста во справувањето со загадувањето на воздухот.

„Денес зборуваме за амандман поднесен од група пратеници меѓу кои и екс министерот Оливер Спасовски. Јас колку што знам во 2015 година беше донесен закон измена на законот за возила со кој што се воведе задолжително мерење на издувните гасови на секое возило пред регистрација. Колку и како се применувал тој закон во изминатите 7 години тоа вие можете да го кажете или можеби не ве интересираше поинтересни ви беа пасошите на белосветските криминалци.“

Лозановска потсети на активностите на претходната влада за почист воздух.

„До 2016 имавме крик за почист воздух. Ги блокиравте улиците испраќајќи порака до политичари, цитирам: ‘За нас се работи’“, кажа Лозановска.

Лозановска нагласи дека состојбата со загадувањето денес е уште полоша, благодарение на неодговорноста на претходната влада.

„Денес имаме дежаву, повторно грижа за чистиот воздух, вашиот индиферентен однос не доведе до тоа државата да биде на врвот на најзагадени држави во Европа, а Скопје на 6 место во светот. Ете тоа е резултат на вашата грижа за чистиот воздух“, изјави Лозановска.

Лозановска истакна дека претходната владата не презела никакви мерки за справување со загадувањето, а милионските суми од буџетот биле потрошени без видливи резултати.

„Тројно зголемена концентрација на ПМ честички од дозволеното. Замислете владата не презела ниедна среднорочна и долгорочна мерка. 7 години ги трошевте милионските суми од буџетот да не речам ги крадевте а ништо не направивте“, истакна Лозановска

Лозановска критички се осврна и на ветените инвестиции во еколошки иновации.

„Цитирам, ‘Инвестиции во еко иновации преку зелен фонд за намалување на урбано загадување‘, празни зборови, се само на хартија напишано, а реализација нула, а за тоа кажуваат бројките“, рече Лозановска, се наведува во партиското соопштение.

Снимен е неверојатен напад на сибирски тигар- човекот за чудо преживеа (ВИДЕО)

Кинеските власти упатија предупредување до граѓаните да внимаваат на околината, по ненадеен напад од сибирски тигар.

Застрашувачкиот инцидент се случил во провинцијата Хејлонгџијанг на крајниот североисток на земјата.

Се сомневаат дека по овој крај се шетаат два крволочни ѕверови, а засега нема информации за нивно заробување. На социјалните мрежи се појави видео од напад врз земјоделец, кој за чудо го избегнал најлошото.

Локалните медиуми јавуваат дека сибирски тигри досега нападнале две лица, меѓу кои и 65-годишен маж на кого морало да му биде извршена операција на раката.

На видеото од вториот напад се гледа како човек излегува на улица, по што се појавува дивиот ѕвер кој ја урива оградата. Исплашената жртва брзо се повлекува, а тигарот исчезнува во маглата.

Се наведува дека синот на мажот ги известил властите за инцидентот, а мештаните биле предупредени да го заштитат својот добиток и да повикаат помош доколку видат диви животни, пренесува Индипендент.

Сибирските тигри се загрозен подвид и ги има многу малку во природата. Може да се најдат во долините на реките Амур и Усури во регионите Приморски и Хабаровск во Русија, како и во помал број во Манџурија (Кина).

Во просек, тие се долги околу три метри, високи околу 112 сантиметри и тежат меѓу 180 и 300 килограми. Тие не се пребирливи животни, јадат сѐ, од кожа со крзно до коски.

Инаку, ова не е прв случај сибирски тигар да залута во урбана средина. Во декември минатата година, див ѕвер нападна и уби човек кој го шетал своето куче во источен Хабаровск, Русија.

21- годишна мајка од Италија за две години закопала две бебиња во градината, сега открива зошто

Мајката (21) Кјара Петролини ги закопала своите две бебиња во дворот од куќата во Парма, Италија, а потоа признала дека првото било мртво родено, додека второто било живо.

Меѓутоа, набргу откако го родила бебето, новороденчето престанало да дише, поради што испаничила и решила да го закопа, пренесува Ла Република.

„Сфатив дека срцето на бебето повеќе не чука“, рече таа откако го родила бебето во август минатата година и го закопала во градината на нејзиниот дом.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, жената по име Кјара признала дека набргу по раѓањето „станала свесна за виталноста на детето и дека неговото срце повеќе не чука“.

Тоа го потврдија и наодите од обдукцијата, а како што велат експертите, бебето било родено живо и во белите дробови се гледаат траги од воздух, како да „се обидело да вдиши воздух, но не успеало“.

Оваа мајка имала сличен случај една година порано кога родила мртво бебе. Потоа се обидела да го затресе за да провери дали дише, но кога сфатила дека за жал не е така, ѝ паднало на памет да го остави во градината.

"Го потресов да видам дали е мртов, дали дише. Потоа помислив да го закопам во градината. Со голи раце ископав дупка", објаснила жената.

Таа за прв пат родила мртво бебе во 2022 година, а второто раѓање се случило на 7 август минатата година. Таа сама ја пресекла папочната врвца со кујнски ножици пред да ја фрли во тоалетот.

По породувањето се онесвестила, а сето тоа се случило во куќата додека нејзините родители и брат ѝ спиеле горе.

Жителите на Траверстоло, во провинцијата Парма, се уште се во неверување поради сѐ што се случило.

„Ние не сме заедница која молчи. Мојот апел е секој што знае нешто - да се изјасни.“ изјави радоначалникот Симоне Дал Орто за медиумите.

Кјара наводно рекла дека сама се породила дома и ги закопала децата, но во градот се зголемува сомнежот за тоа.

Скандал во САД:Човек викнал полиција поради грабеж, го застрелале пред ќерка му (ВИДЕО)

43-годишен маж бил застрелан и убиен од полицијата во Лас Вегас откако им се јавил додека се борел со провалник во неговиот дом.

Семејството на Брендон Дурам, вклучително и неговата 15-годишна ќерка, која се криела во блиската соба, повикале полицаецот да биде отпуштен, објави Би-Би-Си.

Тинејџерската ќерка на Дурам рече дека е „згрозена“ од полицијата во Лас Вегас затоа што го третирала како „осомничен“, а не како „жртва“.

Адвокатот на Александар Букмен, полицаецот кој го застрела Дурам, рече дека тој не извршил никакви кривични дела. Полициската управа во Лас Вегас соопшти дека Букмен (26) е ставен на платено административно отсуство додека тие спроведуваат внатрешен преглед на инцидентот од 12 ноември.

Дурам ја повикал полицијата кобната ноќ да пријави две лица кои пукале надвор и се обидувале да упаднат во неговиот дом, соопшти полицијата.

Полицајците кои реагирале на пријавата пронашле автомобили со скршени предни стакла. Тие, исто така, забележале оштетување на домот и слушнале викање одвнатре, соопшти полицијата, поради што Букмен ја удрил влезната врата за да влезе.

На снимката од камерите на телото објавена од полицијата се гледа како Букмен шета низ куќата со изваден пиштол, додека врисоци и удирање се слушаат надвор од видното поле.

Свртувајќи на аголот на ходникот во облик на L, полицаецот го нашол Дурам без кошула како се бори за нож со жена која носи маска за скијање, подоцна идентификувана како 31-годишната Алехандра Будро.

Полицаецот вика: „Еј, пушти го ножот, фрли го ножот“, неколку секунди пред да испука истрел кој го погодува Дурам и ги исрфла него и Будо на подот.

Букмен потоа пука уште пет куршуми во Дурам и вели: „Крени ги рацете“, според снимките од камерата на телото објавени од полицијата.

Дарам е прогласен за мртов на местото на настанот. Будро е уапсена и обвинета по четири точки, вклучително и упад во дом со смртоносно оружје.

– Згрозена сум што полицијата му рече на татко ми, откако го уби, да остане долу – изјави ќерката на Дурам за локалните медиуми: „Згрозена сум што полицијата ме остави да живеам без татко ми до крајот на мојот живот“.

Адвокатот на семејството побарал итен налог за апсење на Букмен.

- За разлика од граѓанските постапки, во кои станува збор за небрежност на поединец, кривичните предмети бараат доказ за криминалната намера на лицето.

Повикувајќи се на полициски извештај, локалните весници објавија дека Дурам и Будро претходно биле во романтична врска.

Помошникот шериф Дори Корен рече дека полицијата не пронашла пиштол на местото на настанот, и покрај повеќекратните извештаи за испукани истрели.

Инцидентот ги врати полициските престрелки во центарот на вниманието, кои дојдоа само неколку дена пред Министерството за правда да отвори истрага за смртта на Соња Меса, која беше смртно застрелана од полицаец во нејзиниот дом во Илиноис во јули.

На социјалните мрежи е објавено и видео од убиството снимено на камерата на телото на полицаецот. Внимавајте - снимката е крајно вознемирувачка.

притисни ентер