Лонгони најуспешни на екипното првенство во билијард

На екипното првенство на Македонија во билијард одржано викендот во Скопје, настапија 21 тим, при што во секој од нив според пропозициите имаше по тројца регистрирани играчи. 

Победници се Лонгони од Битола, кои во финалето го совладаа Гран клуб од Скопје. Третите места им припаднаа на поразените екипи во полуфиналните дуели Голден бол од Тетово и Пауер бол од Струмица.

Со ова, шампионот во поединечна конкуренција, Христо Василевски, кој е член на Лонгони успеа да ги обедини титулите и со „двојна круна“ да ја заврши сезоната.

Младинецот Андреј Ѓурчиновски кој има само 13 години беше негов најголем ривал поединечно и на крајот од сезоната обајцата имаа ист број поени, поради што за прв пат во историјата на државните првенства се играше „мајсторка“ која одлучуваше за титулата.

Илија Димоски од Битола за прв пат стана младински првак во билијард.

На крајот од сезоната беа прогласени и најдобрите од Б-дизвизијата, при што четирите првопласирани предводени од Златко Ицановски идната сезона ќе се натпреваруваат во А-дивизијата.

Фото: Манекенка со бујни облини

Познатата американска манекенка Кара дел Торо на радост на следбениците на социјалните мрежи неодамна позираше за брендот за луксузна долна облека „Lounge“.

Фотографиите од сетот воодушевија многумина, бидејќи американската убавица е невообичаена манекнака. Таа има истакнати бујни облини што е секако нејзин најголем адут.

Кара дел Торо позираше во неколку модели на чипкаста долна облека, но највпечатлив беше оној кој ги истакна нејзините бујни гради.

Фото: Кристина Агилера во топлес за роденден

Кристина Агилера ги воодушеви фановите со провокативно роденденско издание!

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера повторно ги воодушеви своите фанови.

Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, споделувајќи фотографија на Инстаграм на која позира во провокативно издание.

Пејачката била облечена во кожени шорцеви, црна капа и штикли, а градите ги покрила со раката.

- Роденденски костум #44 - стои во описот на фотографијата, со која го предизвикала воодушевувањето на своите фанови.

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се сретнал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во Украина.

-Барнс сега ја посети Украина за последен пат како директор на ЦИА, рече Зеленски во пораката објавена на Телеграм, додавајќи дека двајцата имале многу средби за време на војната, но дека за повеќето од нив не се разговарало во јавноста.

-Тој и јас имавме многу средби за време на оваа војна и јас сум благодарен за неговата помош. Обично таквите средби не се објавуваат, а сите наши состаноци во Украина, во другите европски земји, во Америка и во другите делови на светот се одржаа без официјални информации рече Зеленски.

САД се најважниот финансиски и воен поддржувач на Украина во војната што започна пред речиси три години. Вашингтон, исто така, редовно споделуваше воено разузнавање со Украина за да ја поддржи нејзината одбрана.

Се очекува Барнс да се повлече од функцијата шеф на ЦИА откако републиканецот Доналд Трамп ќе дојде на власт во јануари 2025 година.

притисни ентер