Локвенец: Сериозни инвестиции во патната инфраструктура

2019 година, освен година на интеграција и економски раст, е година и на сериозни инвестиции во патната инфраструктура.

Со започнување на градежната сезона, низ целата држава продолжува изградба и реконструкција на најголем дел од патната мрежа.Станува збор за изградба на нови и реконструкција на постоечки патни правци во вкупна должина од над 700 километри со вкупна вредност од една милијарда и 270 милиони евра.

Модернизацијата на патиштата го олеснува животот на граѓаните, но и позитивно влијае врз економскиот раст и конкурентноста. За нас развојот на инфраструктурата е еден од приоритетите за оваа година.

Откако се надминаа проблемите и се потпиша Анекс -договорот со кој се заштедија 90 милиони евра, продолжува изградбата на автопатот Кичево -Охрид.

Автопатот Миладиновци – Штип наскоро ќе биде пуштен во употреба, а интензивно се работи и на експресниот пат Градско – Дреново до третата лента према Прилеп.

Меѓу позначајните проекти за оваа година се: изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце, втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш и третата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп и реконструкција и рехабилитација на бројни патни правци низ целата држава.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на унапредување на патната инфраструктура со цел да се обезбеди брз, ефикасен и безбеден сообраќај за сите граѓани.

Продолжуваме со спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, развој и подобар живот за сите граѓани.

Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата

Паника во британско село: Среде бара се појави голем крокодил

Приказните како оваа обично не доаѓаат од Велика Британија, особено не од руралните места како Челсбери во Бакингемшир.

По поплавите, мештаните ја алармирале полицијата и пријавиле неверојатна работа - крокодил демне во езерцето!

На местото на настанот веднаш пристигнале патроли и затекнале необична глетка, пренесува Метро.

Главата на опасен предатор ѕиркала од водата, но тоа била пластична играчка! Навистина, изгледала крајно реално, па не е чудно што владеела паника кај локалното население.

Детската играчка (во природна големина) била отстранета од езерцето, а останува мистерија кој и зошто ја оставил таму. Може да е нечија шега...

Надлежните го објавија необичниот случај.

„Не секој ден добиваме пријава за крокодил во поплавениот Челсбери. Не грижете се, Кроко е со нас во полициската станица“.

ДИК: Да се почитува правото на глас, да се прашаат гласачите за кои избори ќе гласаат

На прес конференција , потпретседателката на Државната комисија, Дитмире Шеху,  ги замоли членовите на изборните органи да се придржуваат кон сите правила и членови од Изборниот законик.

Од ДИК ги опоменуваат членовите на гласачките одбори задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач.

Во спротивно се соочуваат со три години затвор.

Русија му се закани на НАТО

Испраќање трупи на НАТО во Украина би било „исклучително опасно“, соопшти Кремљ, додавајќи дека Москва внимателно ја следи украинската петиција со која се повикува на таква интервенција.

Во петицијата, објавена на веб-страницата на украинскиот претседател, се наведува дека Украина треба да побара од САД, Велика Британија и други земји да испратат војници за Украина да се бори против руската инвазија.

„Режимот во Киев е прилично непредвидлив“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Многу пати кажавме дека директната интервенција на армиите на земјите од НАТО во овој конфликт потенцијално претставува огромна опасност и сметаме дека тоа е ништо помалку од исклучително сериозна провокација и, се разбира, внимателно ја следиме“, додаде Песков. .

Засега не е познато дали петицијата ќе го собере потребниот број од 25.000 гласови, што ќе го обврзе претседателот Володимир Зеленски да одговори со одобрување или отфрлање. До денеска наутро биле собрани 1.594 гласови.

НАТО ѝ помага на Украина со испраќање повеќе оружје, вклучувајќи тенкови и ракети со долг дострел, но воздржувајќи се од директна интервенција со војници на теренот. И американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин предупредија дека тоа може да доведе до Трета светска војна.

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека прашањето за испраќање западни војници во Украина „легитимно“ би се поставило доколку Русија ги пробие украинските одбранбени линии и ако тоа го побара Киев.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека доколку Макрон испрати француски војници во Украина, тие ќе бидат легитимна цел на руската војска. „Ако Французите се појават во зоната на конфликтот, тие неизбежно ќе станат цел на руските вооружени сили“, рече Захарова.

притисни ентер