Љубовна приказна – Емотивна средба во старски дом после 30 години! (видео)

И двајцата боледуваат од деменција, но не се заборавиле еден со друг.

Љубовната приказна на Ненси (86) и Стен (91) од Единбург би можела да послужи како сценарио за филм. Тие се запознале многу млади, но нивните родители не ја одобрувале нивната љубов, а тоа било само почеток на нивната необична приказна. После 30 години се сретнале во дом за стари лица.

Средба во старски дом

Како што изјавила нивната внука за Дејли меил, и покрај противењето на нивните родители, Ненси и Стен се венчале во 1957 година и ја добиле ќерката Карен, но нивниот брак се распаднал кога Ненси во своите 50-ти години доживеала мозочен удар. Бидјеќи Стен не можел да се справи со последиците на тешката болест на неговата сопруга, решил да се разведе и да замине.

- Дедо ми повторно се оженил и ги прекинал контактите со баба ми. Тие не се виделе 30 години. И додека таа живеела сама не сакајќи друг маж во нејзиниот живот, тој имал нова сопруга. Меѓутоа, таа го оставила кога дедо ми добил деменција бидејќи не можела да се справи со неговата болест. На некој начин, ја доживеал судбината на неговата поранешна сопруга Ненси – изјавила нивната внука Сара.

Но, судбината си поиграла со поранешните сопружници кога дошле во подоцнежни години. Сега и двајцата се болни и имаат деменција, па ќерката ги сместила во истиот дом за стари лица.

Во видеото, снимено од нивната внука, поранешните сопружници се сретнуваат за прв пат после 30 години во домот за стари лица. На видеото се гледа како еден дедо седи во фотелја и изненадено гледа во бабата што се појавува на вратата. Тој боледува од деменција, често заборава на сè, па понекогаш не ја препознава ни сопствената ќерка, но Ненси веднаш ја препознал. Судејќи по нејзината реакција, Ненси сè уште има чувства кон него.

- Добро ли си? Сега си стар, мора да се грижиш за себе - се слуша како зборува бабата додека се наведнува кон збунетиот дедо. А, тој не ја симнува насмевката од лицето откако ќе сфати дека таа повторно е покрај него.

И двајцата се согласиле заедно да испијат чај и да се присетат на убавите заеднички моменти, што е многу невообичаено особено за пациентите со деменција. Но, се чини дека ниту тешката болест не ги спречила да се сетат еден на друг и на големата љубов што некогаш ја имале.

Оваа трогателна средба на поранешните сопружници во старечкиот дом многумина ги потсети на познатиот филм „The Notebook“, иако многумина признаа дека оваа приказна од реалниот живот е уште подраматична и поромантична. Видеото од нивната прва средба после три децении, беше објавено на Tикток од нивната внука и за кратко време стана вирално и освои речиси 3 милиони прегледи.

Судејќи по бројните коментари, многумина навиваат да бидат повторно заедно, барем сега во старечкиот дом.

- Љубовта никогаш не умира! Погледнете како бабата сè уште е грижлива кон него иако ја повредил.

- Љубовта и спомените имаат моќ да ги надминат и најтешките животни околности.

- Ова е поромантично од „The Notebook“ и доказ дека љубовта е неуништлива – беа само дел од коментарите.

Стен го поминал својот живот во војска и напишал мемоари за својот живот и љубовта кон Ненси со желба засекогаш да го зачува споменот на нивната навидум безвременска љубов.

@sarahashleighflorals They both have dementia and have ended up in the same care home after 30 years apart 💔 we were so worried how this would go! It's so good to see them be friends again. Grandad still asks for his sweetheart back home and she is still very much a part of the family, she misses him a lot. Love might not be the same kind of love forever, it is a shape shifter 💖 but it never leaves 🥹 Video is filmed by my wonderful mum (their daughter) for anyone confused! #dementia #alzheimer #romanempire #Scottish #dementia #alzheimer #romanempire #Scottish ♬ original sound - Flower Preservation

Српската министерка за образование : Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во Белград со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое животот го загубија девет ученици и еден работник од училишното обезбедување на 3 мај 2023 година.

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Министерката во изјава за РТС нагласи дека секој 3 мај ќе биде ден на голема тага и сеќавање на жртвите./МИА

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања?

После денешната прес конференција на ДПМНЕ прашањето е дали Белата палата води истраги вклучително и споменатата?

СДСМ нема да навлегува во мотивите на ОЈО, секако дека секој што го прекршил законот треба да одговара, но, доколку се утврди дека нема прекршување на законот очекуваме исто така одговорност.

Постои сомнеж дека ова е можеби и злоупотреба за избораната кампања. Вештачењето е од 25.04.2024 година, само еден ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен за 3 работни дена потоа.

Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно.

Ал Џезира - Финален предлог на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Конечниот предлог на Резолуцијата, во која имаа увид од Ал Џезира, се состои од седум точки.

Конечниот предлог за Резолуцијата што ќе го одбележи 11 јули како ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница во БиХ во 1995 година е испратен до претседателот на Генералното собрание на ОН, Денис Френсис, потврди амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија.

Конечниот предлог на Резолуцијата, во која имаа увид од Ал Џезира, се состои од седум точки, а целта е да се зачува споменот на жртвите од Сребреница и да се спречи нивното негирање и величење на осудените за воени злосторства.

Повикувајќи се на неколку пресуди на Меѓународниот суд на правдата (МСП) и Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, во конечниот предлог на Резолуцијата се вели:

- Прогласете го 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во 1995 година;

- Безрезервно се осудува секое негирање на геноцидот во Сребреница како историски настан и се повикуваат земјите-членки да ги зачуваат утврдените факти, вклучително и преку нивните образовни системи, преку развивање соодветни програми, со цел да се спречи негирање и искривување на фактите и појава на геноцид во иднина;

- Безрезервно ги осудува дејствијата кои ги глорифицираат оние што се осудени за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид од страна на меѓународните судови, вклучително и оние кои се одговорни за геноцидот во Сребреница;

- Ја нагласува важноста од завршување на процесот на пронаоѓање и идентификување на преостанатите жртви на геноцидот во Сребреница и нивното достоинствено погребување;

- Повикува на продолжување на гонењето на оние извршители на геноцидот во Сребреница кои се уште треба да се соочат со правдата;

- Ги охрабрува сите држави целосно да се придржуваат кон нивните обврски според Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид, како што е применливо, и обичајното меѓународно право за спречување и казнување геноцид со должно почитување на релевантните одлуки на Меѓународниот кривичен суд (МСП );

- Бара од генералниот секретар на ОН да воспостави информативна програма со наслов „Геноцид во Сребреница и Обединетите нации“, ги започнува своите активности со подготовките за годишнината во 2025 година и понатаму бара генералниот секретар да донесе резолуција за проверка од сите земји-членки, организации во рамките на системот на Обединетите нации и граѓанските организации за соодветна усогласеност;

- Ги повикува сите земји-членки, организации од системот на Обединетите нации, други меѓународни организации и регионални организации, како и граѓанското општество, вклучително и невладините организации, академските институции и другите релевантни фактори да го одбележат Меѓународниот ден, вклучително и посебни ознаки и активности во спомен и чест на жртвите на геноцидот во Сребреница 1995 година, како и соодветно образование и јавна свест.

Резолуцијата, чии формални предлагачи се Германија и Руанда и спонзори на повеќе од 20 други земји, вклучително и највлијателните западни земји како САД, Велика Британија, Франција и Италија, требаше да биде објавена на 2 мај во седиштето на ОН, но гласањето беше одложено, па сега се очекува да биде кон средината на месецот. /МИА

притисни ентер