Лишени од слобода двајца неготинци за напад врз малолетна ќерка и сестра

Двајца неготинци синоќа биле лишени од слобода поради напад врз малолетната ќерка и сестра, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Во 23.10 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Г.З., на возраст од 50 години и В.З., на 24-годишна возраст, двајцата од овој град, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнале нивната малолетна ќерка и сестра. Г.З. и В.З. биле задржани во полициска станица, известени биле јавен обвинител, Центарот за социјални работи. По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од СВР Велес.

Претходно, во 09.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот М.Т., на возраст од 30 години, постапувајќи по претходна пријава од неговата 30-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал.

М.Т. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун негира размена на оружје со Русија

Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, негираше дека има размена на оружје меѓу Северна Кореја и Русија, објави вечерва севернокорејската државна КЦНА.

Сестрата на севернокорејскиот лидер изјави дека е лажна гласината дека Северна Кореја и Русија разменуваат оружје, пренесе Ројтерс.

Според неа, станува збор за „најапсурдната теорија“ која не заслужува ничија оценка или толкување.

Од јули, Северна Кореја ѝ испратила на Русија околу 6.700 контејнери со милиони парчиња муниција за да ја поддржи нејзината војна против Украина, објавија јужнокорејските медиуми во февруари, цитирајќи го јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вон-шик.

Соединетите држави, исто така, ја обвинија Северна Кореја за испраќање оружје на Русија.

Русија и Северна Кореја го негираат тоа.

Се судрија патнички и товарен воз во тунел во Белград, има повредени

Започна извлекувањето на повредените во судирот во подземниот тунел во Белград, јавува репортерот на Телеграф од местото на настанот.

На терен се три екипи на брза помош, пожарникари и полиција, јавува Телеграф.

Пожарникарите со носилки се упатиле кон тунелот, бидејќи до судирот дошло на 400 метри во внатрешноста на тунелот.

Има неколку повредени, меѓу нив машиновозач и кондуктерката.

Ужасна снимка од напад на ајкула- се слушаат и врисоци под вода (ВИДЕО)

Следното видео кружи низ мрежите веќе неколку години, а го објави Ден Вајт, кој своевремено тренирал како нуркач на брегот на Египет.

Повеќе нуркачи се придружиле на неговата група, што доведе до промена во однесувањето на ајкулите што кружат во близина.

Отпрвин немало никакви проблеми, а Вајт ужива во друштво на океански белоперки. И тогаш една од нив решила поблиску да ги истражи „непоканетите гости“.

„Три пати се нафрли на мојот колега, а потоа му пријде германски нуркач. За жал, не успеале да ги следат нејзините движења. „Штом доби прилика, го дофати за ногата“, рече Вајт.

Додека ги заривала острите заби, се слуша крикот на несреќниот маж, што го прави видеото уште повознемирувачко.

За среќа, ајкулата се оддалечи и повеќе не нападна, бидејќи којзнае како сѐ би завршило на 10 метри длабочина.

На несреќниот човек му била укажана помош на брегот, а ногата му била во прилично лоша состојба, изгризана до коска.

Веднаш му биле дадени лекови против болки, додека раната била преврзана. По некое чудо, не морала да му биде ампутирана, пренесува LadBible.

притисни ентер