Линеарното покачување на пензиите од 5 000 денари ќе ја чини државната каса 300 милиони евра

Најавеното линеарно покачување на пензиите од 5 000 денари за над 330.000 пензионери ќе ја чини државната каса околу 300 милиони евра годишно. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Никој не ја препознава Кристина Агилера, откако ослабе 20 килограми (ВИДЕО)

Пејачката Кристина Агилера (43) привлече внимание откако драстично ослабе.

Музичарката, позната по своите облини, изненади со трансформацијата и откри дека ослабела 20 килограми. Поп-пејачката викендот го помина во Италија каде што настапи на гламурозниот настан Dolce & Gabbana Alta Moda.

На својот Инстаграм профил таа сподели видео на кое се шета во розов мини фустан и чизми над колена во иста боја, а многумина забележаа дека пејачката зрачи со самодоверба.

Ја красеше сигурна прошетка, заводлив поглед и насмевка на лицето, а многумина повторно почнаа да шепотат дека користела Оземпик, лек кој е одобрен само за лекување на дијабетес тип 2. Сепак, многумина го користат за губење тежина.

„Што се случи со таа убава тежина што ја имавте?“, „Поради операциите, Оземпик сега изгледа вака“, „По ѓаволите, ја изгуби сета таа секси тежина, се надевам дека е барем среќна“, „Икона Кристина“, „Што се случува, што се случи со Кристина Агилера?“, беа само дел од коментарите на нејзината објава.

Пејачката претходно призна дека се храни здраво и дека се откажала од грицките. Почнала да вежба и сака јога, бокс и кардио тренинзи.

Драма во САД: Сосед застрелал седум лица, меѓу кои четири деца, па си пресудил

Сосед (74) застрелал седум лица, меѓу кои четири деца, пред да се самоубие!

Овој расно мотивиран напад, како што пренесува Dailymail, се случил во Крит (американската држава Небраска).

Напаѓачот, Били Бут, пред да отвори оган врз жртвите, чиј идентитет не е соопштен, им рекол да се вратат од каде што дошле.

Полицијата соопшти дека четворицата жртви се деца на возраст од три до десет години. Ранетите веднаш биле префрлени во болница. Никој од нив нема повреди опасни по живот. Сите жртви се од шпанско-американско потекло.

„Напаѓачот им рекол да одат од каде што дошле. Тој им рекол да зборуваат англиски“, рече полковникот Џон А.

Пукањето се случило за време на семеен собир. По пукањето напаѓачот се повлекол во својата куќа каде се заклучил.

„Наскоро се слушна истрел. Специјалците влегоа внатре и го пронајдоа напаѓачот мртов“, додаде Болдук.

Четворица ранети набрзо се пуштени од болница, додека три лица се приведени. Две од нив се деца, кои се задржани во детска болница во Омаха.

Полицијата ја продолжила истрагата обидувајќи се да утврди кој бил мотивот за овој расистички напад.

Италијанка повикала лифт, кога се отворила вратата пропаднала - телото го пронашол татко ѝ

Селија Дитано (25) загинала во станбена зграда во градот Фасано, во јужна Италија, кога паднала во шахта од лифт.

Имено, девојката го повикала лифтот, но вратата се отворила пред да дојде лифтот. Младата жена не погледнала, само зачекорила и паднала во отворот, пренесе Индекс.

За жал, девојката останала мртво на лице место кога паднала врз покривот на лифтот, што застанал на првиот кат.

Според италијанските медиуми, 25-годишната девојка паднала од четвртиот кат на првиот, каде што бил запрен лифтот.

Таткото на Селија го пронашол нејзиното тело откако ѝ се јавил на мобилниот телефон и слушнал како ѕвони во шахтата на лифтот.

Тој ги известил итните служби кои пристигнале на местото на настанот околу 8 часот.

„Требаше штотуку да ги остварите сите свои соништа, семејството што сакаше да го создаде, да ја пронајдете вистинската љубов...“, напишала една нејзина пријателка на социјалните мрежи.

Во тек е истрага зошто вратата се отворила иако немало лифт.

„Претпоставуваме дека се работи за дефект на склопот на бравата. Вратата треба да се отвори само кога ќе пристигне лифтот“, изјавил истражителот.

притисни ентер