Линдзи Вон за три недели ја завршува кариерата

Американската скијачка , 34 годишната Линдзи Вон , објави денеска дека по Светското првенство ќе ја заврши својата кариера.

Скијачката наведува дека по Светското првенство , што ќе се одржи од 5-17 февруари во Аре , Шведска , поради бројните повреди , се повлекува од скијањето. ,,Го прифатив фактот дека не може да продолжам со скијачки натпревари. Ќе настапам во спуст и супервелеслалом во Аре и тоа ќе бидат последните две трки во мојата кариера.” , објави Вон.

Таа напиша и дека падот во Лејк Луис минатата година и операцијата на коленото болеле многу повеќе отколку што сака да си признае. Сега веќе не мопже да влегува во завои како што би сакала. Го дала и максимумот и на Олимпијадата во Пјонгчанг , каде сакала да освои медал во спомен на својот дедо , иако претходно имала тешка повреда.

Во текот на богатата кариера , Вон оствари 82 победи на Светскиот куп , со што е најуспешна скијачка на сите времиња, а само четири победи и недостасуваатз а да го достигне рекордот на Ингемар Стенмарк во машка конкуренција.

Ковачки: Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена.

За два дена од денеска, во среда се гласа.

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво.

Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.

Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните.

Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер