Лилијан е заслужна што Борис Бекер ги исплати милионските долгови, поради што беше во затвор

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер конечно може да се пофали дека стечајната постапка е завршена и дека повеќе не должи никому, пренесуваат медиумите.

Во 2017 година, Бекер прогласи банкрот и како резултат на тоа помина 230 дена во затвор, а по неговото ослободување, неговата сопруга Лилијан го презеде неговиот маркетинг и обезбеди неколку добро платени договори со нејзината компанија.

Лилијан е најзаслужна што Бекер повторно може да учествува во деловниот живот, а заедно со неа основа и трговско друштво во Милано.

Бекер ги подмирил сите долгови во мај годинава, а се дознава дека од декември 2022 година до средината на 2023 година, компанијата на неговата сопруга наводно остварила приход од повеќе од еден милион евра.

Има заинтересирани странски инвеститори за изградба на когенеративни централи

Веќе постојат заинтересирани инвеститори за когенеративна централа во земјава вели премиерот Христијан Мицкоски. Најави преговори со потенцијален инвестирор кој е спремен  да вложи 1 милијарда евра во ваква централа.

Според Мицкоски нема да се прават штетни договори како во минатото, вели целта е државата да биде дел од пакетот, односно косопстеник во самата инвестиција. Доколку разговорите течат во најдобар ред, од Владата очекуваат најдоцна за 3 години Македонија да добие когенеративна посторојка, што не само што ќе влијае на цената, туку ќе придонесе и за почист воздух.

„Потенцијален инвеститор кој сака да инвестира 1 милијарда евра во вакви централи, и тоа нема да биде по принципот како до сега како што беше оној специјален закон стратешки во парламентот, на одење минатата влада што го достави, по привилегирани цени и тн..се ќе биде по пазарни услови. Преговорите се со инвеститори во кој моја цел е и државата да биде дел од пакетот, да биде кососпственик со самата таа инвестиција, нормално не со пари, со земја, со приклучочи и слично...“ -изјави Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Професорот Константин Димитров за Канал 5 вели земјава има капацитет за три или повеќе когенеративни централи, со кои граѓаните ќе добијат за 35 % поевтина струја и за околу 40 % поевтино парно греење.

„Во РЕК Битола за да произведете еден киловат електрична енергија ќе потрошите 3 киловати енергија во гориво – овде за да проиведете електрична енергија трошите 2 киловати примарна енергија и плус имате уште отпадот да го продадете...значи цената е за 35% поевтина електрична енергија, а топлинската енергија е само 40 % отколку да ја произведете во котилите како што е сега...“ - изјава Константин Димитров – МАЦЕФ.

Според познавачите значително ќе се намали и загадувањето, БИДЕЈЌИ ГОлем број на домаќинства и институции ќе може да се поврзат на систамот за парно греење. Од друга страна конегенеративните централи се прават со висок оџак, преку кој емисијата на штетни материи е многу намалена или е во дозволени или пониско од дозволените граници, потенцира димитров.

„Тоа се во една иста постројка ставени едно што произведува електрична енергија и одма дел што произведува топлинска енергија.... Суштината е во тоа што во исто време една иста постројка проиведувате електрична енергија а бидејќи тоа создава количина на топлина што во принцип се исфрла во атмосферата е оваа наместо да се исфрли ние си ја користиме за загревање....“ изјави Константин Димитров – МАЦЕФ.

На мерните станици низ Скопје, но и другите граодви низ државава, изминативе денови нивото на ПМ 10 честички во воздухот беше далеку над дозволеното Екоактивистите со години бараат државата да превземе контретни чекори, кои засега се само во најава.

Министерот Мисајловски на Криволак ги посети македонските и специјалците од уште шест земји

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (14 ноември) на „Криволак“ ги посети припадниците на Баталјонот за специјални сили кои на најголемиот армиски полигон.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (14 ноември) на „Криволак“ ги посети припадниците на Баталјонот за специјални сили кои на најголемиот армиски полигон заедно со специјалците од Албанија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Романија, Турција и Босна и Херцеговина ја реализираат вежбата „Wise wolf 2024“.

На Денот на високи гости на кој присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Сашко Лафчиски, како и високи воени претставници и одбранбени аташеи од земјите-учеснички, заеднички тимови на специјалци реализираа здружена показна вежба на која ги прикажаа своите вештини и способности. За време на двонеделното извежбување користени беа осум хеликоптери од типот CH47 „Chinook“, UH60 „Black Hawk“, „Puma“ и Mi-17, а над 120 специјалци во мешани тимови од сите земји-учеснички извршија повеќе задачи како спуштање од хеликоптер со јаже, гаѓање со снајперски пушки со долг дострел, обезбедување од копно и од воздух, борба во затворен простор, медицинска евакуација и други.

Вежбата која се одржува на годишно ниво во една од земјите – учеснички ја јакне регионалната соработка во овој домен и ја унапредува интероперабилноста која е основа за зацврстување на колективната безбедност. Оваа годишна вежба се реализира од 2011 година на иницијатива на началниците на Генералштаб од балканските земји.

Пошта тоне во милионски загуби–поранешната дикекторка Абази си ја зголемила платата за 50%

Иако Македонска пошта седум години континуирано тоне во загуби,отстапува од европските стандарди и има еден куп кредити лани во септември додека со акционерското друштво управуваше Бујаре Абази платите на менаџерскиот тим се зголемиле двојно.

Иако Македонска пошта седум години континуирано тоне во загуби,отстапува од европските стандарди и има еден куп кредити лани во септември додека со акционерското друштво управуваше Бујаре Абази платите на менаџерскиот тим се зголемиле двојно, односно од 42 до 58%, спротивно на Законот за трговски друштва. Ова се наведува во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија, кој укажува дека континуираните загуби негативно се одразуваат на работата на „Пошта“ и се доведува во прашање ефикасното, трајното, уредно и квалитетно вршење на дејноста.

„Пошта“ се наоѓа во неповолна финансиска положба почнувајќи од 2017 година, при што во континуитет остварува загуби од работењето, а најголема загуба во износ од над 229 милиони денари или над 3,7 милиони евра е забележана во 2022 година. – стои во извештајот на ДЗР.

Од друга страна расте незадоволството и кај граѓаните и кај фирмите поради ненавременото доставување на пратки. Само 59,7% од пратките биле доставени навремено, додека 30,5% биле доставени во период подолг од три дена, што е отстапување од стандардите на Светскиот поштенски сојуз.

Меѓудругото утведено било дека друштвото има склучено договори со 276 пошторазнесувачи, но дел од нив, наместо за договорените услуги, ангажирани се за извршување на други административни задачи ...

Актуелниот директор на пошти Орхан Куртиши изјави дека кога стапил на функцијата во август годинава имало над 600 илјади пратки кои биле во застој, но сега вели проблемот бил надминат.. Куртиши гледа оправданост во зголемениот процент на платата, бидејќи тие имале најниски плати споредено со директорите во другите институции.

„ Ние како институциија сме како директори имаме најмала плата од сите директори на други институции . тука во новиот менаџерски договор го извадивме и делот на опремннина што поранешните го користеле и се уште водат процедура за да земат средства Прилично платата на еден директор се движи како поранешните пред да се покачува 78 посто, се движуи околу 80 илјади плус минус а просечната плата се движи околу 35-35 илјади а минималната веќе ја знаеме“-Орхан Куртиши – Директор на АД Пошти .

Куртиши проблемот со состојбите во пошта го гледа во лошото менаџирање и организација, поради што веќе се подготвува нова систематизација, според која бројот на над 700 луѓе вработени администацијата ќе се намалува преку прераспределба во технолошкиот процес.

притисни ентер