Лидерот на Алтернатива се сретна со словенечкиот амбасадор Јазбек

​Претседателот на „Алтернатива", Африм Гаши, придружуван од членовите на Централното Претседателство, Њомза Имери – Исмаили и Бејтула Демири, денес оствари средба со словенечкиот амбасадор во Скопје, г. Милан Јазбек.

На средбата се разговараше за актуелната состојба во земјата, парламентарните избори на 12 април и евро-атлантскиот процес на нашата земја. Словенечкиот амбасадор, г. Милан Јазбек, му се заблагодари на претседателот Гаши за конструктивната улога на Алтернатива во евро-атлантските процеси на земјата, како и за ратификување на протоколот на земјата во НАТО.

На крај, двете страни се соогласија дека ваквите пријателски состаноци ќе продолжаат и во иднина.

Алтернатива

Чави по поразот од Жирона: Можеби ни недостасува зрелост

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез даде свое мислење по вчерашниот натпревар против Жирона. Барса го загуби каталонското дерби со 2-4 и на тој начин Реал Мадрид ја обезбеди титулата во Ла Лига на четири кола до крајот.

-Ја загубивме контролата врз играта поради огромните грешки, кои се неприфатливи на ова ниво. Вакви работи се случуваат цела сезона и не чинат вредни бодови. Можевме да победиме, но грешките што ги направивме се покажаа како одлучувачки. Ни недостигаше ефикасност и во нападот, а тешко е да се добиваат такви натпревари. Мораме да промениме многу работи за да се бориме за титулата следната сезона. Можеби ни недостига зрелост. Повеќето од нашите играчи се доста млади. Ќе ги донесеме вистинските заклучоци и ќе ги исправиме нашите слабости, нагласи Чави по мечот.

Тој му честиташе на Реал Мадрид за титулата.

-Собраа најмногу бодови и затоа се шампиони, додаде тренерот на Барселона.

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, изјави денеска унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања, Пал Барна Жигмонд.

Во објава на Фејсбук, тој истакна дека во сегашното политичко и економско опкружување, претседавањето со ЕУ ќе биде „возбудлив предизвик“, пренесува МТИ.

Жигмонд го цитираше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој вели дека е уверен и полн со надеж во врска со унгарското претседателство и истакна дека моментално премиерот Виктор Орбан е единствениот шеф на Влада во ЕУ кој ќе раководи со ротирачкото претседателство по втор пат.

Возач загинал откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа

 Возач загина синоќа откако со неговото возило удри во надворешната капија на Белата куќа, а случајот се истражува како сообраќајна несреќа и немало закана за резиденцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, соопштија властите.

Возачот бил пронајден мртов во возилото кое удрило во надворешната капија на Белата куќа, соопшти американската тајна служба.

Полициската управа на Вашингтон соопшти дека возилото удрило во безбедносната бариера на раскрсницата на улицата 15 и авенијата Пенсилванија.

притисни ентер