Левандовски: Сѐ функционира речиси перфектно во Барса

Откако го постигна својот 19-ти гол во 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, Левандовски (36) изјави дека е воодушевен од агресивниот пристап на Флик.

- Напаѓачот Роберт Левандовски постигна два гола во победата над Црвена звезда во Лигата на шампионите (5:2) за да се израмни со соиграчот Рафиња, Хари Кејн од Баерн Минхен и Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон како најдобри стрелци во натпреварувањето со пет гола.

Откако го постигна својот 19-ти гол во 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, Левандовски (36) изјави дека е воодушевен од агресивниот пристап на Флик.

-Имаме цел од почетокот на сезоната - мораме да играме многу напаѓачки фудбал, но без да изгубиме од вид колку добро игра нашата одбранбена линија. Сѐ функционира речиси перфектно. Мораме да видиме што можеме подобро, се разбира, но се чувствувам многу добро, тимот е среќен, изјави Левандовски по дуелот во Белград.

Истакна дека во овој нов формат на Лигата на шампионите, победата на гостувањата е многу важна.

-Во првото полувреме игравме малку бавно, но во второто имавме многу шанси. Понекогаш кога тимот игра многу дефанзивно како Звезда, ни треба малку трпение. Секогаш барам слободен простор за да ја допрам топката и да постигнеме гол. Како тим, одигравме многу добро, затоа сум среќен, заклучи Левандовски.

Канал 5 дознава: Сопственик на Ритрон Копи од Куманово е приведен од финансика полиција

Наш извор потврди дека не е уапсени лице од Финансиската полиција, туку споритвно, вработени од оваа институција го привела сопственикот на кумановската Ротрон Копи , која е поврзана со случајот „Државна Лотарија“

Нашиот извор потврди со највисока сигурност дека текстот е погрешен и дека Управата за Финансиска Полиција на Македонија го привела сопственикот на фирмата Ритрон Копи од Куманово која во изминатиот период успешно учествувала на јавните повици организирани од страна на Државната Лотарија, во период кога со оваа државна компанија управувал Перпарим Бајрами кој сега е во бегство.

Поправката на прекинатиот подводен кабел за струја помеѓу Финска и Естонија ќе биде долга

Можно е поправката на прекинатиот подводен кабел за пренос на струја помеѓу Финска и Естонија да трае неколку месеци.

Поправката на вчера прекинатиот подводен кабел „Естлинк 2“ (Estlink 2) за пренос на електрична енергија, што ги поврзува Финска и Естонија, најверојатно ќе трае неколку месеци, соопшти финскиот оператор „Фингрид“ (Fingrid).

Електричниот кабел што ги поврзува Финска и Естонија под Балтичко Море вчера беше прекинат. Тоа е последниот во серијата инциденти кои вклучуваат оштетување на телекомуникациските кабли и енергетските цевководи во Балтичкото Море.

Владата на Финска и на Естонија во текот на денот ќе имаат вонредна седница на која ќе ја оценат сериозноста на ситуацијата.

Интерконекторот „Еастлинк 2“ е со должина од 170 километри и капацитет од 658 мегавати, а прекинот може да создаде проблеми со снабдувањето со електрична енергија.

Финската полиција истражува дали подводниот кабел е оштетен од странски брод кој пловел низ Балтичко Море.

Ботас: Понекогаш мораш да направиш чекор назад

Финскиот возач Валтери Ботас ја призна грешката кога премина во Заубер.

- Понекогаш треба да направите еден чекор назад за да направите два чекори напред. Сега ми е важно да добијам идеја за можните опции, да разберам како повторно да бидам меѓу тркачите кои ќе се најдат на стартната позиција на Гран при. Од друга страна, ќе ја имам улогата на резервен возач во фабричкиот тим за кој се натпреварував. Ова е одличен бренд, голем производител на автомобили. Бев таму пред пет години и знам дека ова навистина може да ми отвори некои можности, изјави Ботас, за „Racingnews365“.

Ботас ја помина сезоната 2024 со Заубер, но тимот одлучи да не го продолжи неговиот договор. Финецот не освои поени на крајот од последниот шампионат во Формула 1 и го зазеде 22. место во поединечна конкуренција.

притисни ентер