Потребни состојки: 500 гр. кромид, 500 гр. пиперки, 1 кг. печурки, 5 моркови, 1 целер, 3 тиквички, 100 гр. обарен ориз, 1 кг. домати, 100 гр. кашкавал, сол, бибер и зачин од сув зеленчук по вкус.
Постапка:
Ситно сечкан кромид и пиперки се ставаат во тава да се пропржат.
За тоа време во друа тава се ставаат сечкани печурки да се динстаат.
Во тавата со кромид и пиперки се стават ситно сечкани и малку обарени моркови и целер.
Потоа се додава сечкани тиквички и се продолжува со пржењето.
Дел од состојките се ставаат во тавата со печурки и се продолжува со пржењето.
Состојките се зачинуваат со зачин од сув зеленчук, сол и бибер по вкус.
Потоа се додаваат сечкани домати и се продолжува со пржењето уште неколку минути.
Состојките од двете тави се ставаат во поголема стаклена тава, се додава обарен ориз и се покриваат со кашкавал.
Се пече во загреана рерна околу 10-тина минути.