Летечките автомобили доаѓаат- прототипот е претставен во Барселона и чини 300.000 долари(ВИДЕО)

На Mobile World Congress (MWC) 2024 во Барселона, Alef Aeronautics го претстави својот прототип на летечки автомобил.

На Mobile World Congress (MWC) 2024 во Барселона, Alef Aeronautics го претстави својот прототип на летечки автомобил, навестувајќи потенцијално револуционерно превозно средство кое комбинира традиционално возење по патишта со способност за вертикално полетување и слетување.

„Alef Aeronautics се стреми да го реши проблемот со сообраќајниот метеж преку користење на воздушниот простор, што отвора нови можности за брзо и ефикасно патување. Оваа визија предвидува значителни промени во урбаното планирање, сообраќајната инфраструктура и начинот на кој луѓето размислуваат за транспортот.“ , вели Константин Кисли, главниот технолошки директор на компанијата.

За да го решат проблемот со застојот, тие го развија летечкиот автомобил Model A, кој е способен да вози по патишта и вертикално да полетува и слетува, благодарение на иновативниот дизајн со осум пропелери. Ова возило се префрла од режим на возење во режим на летање со ротирање на целата структура, така што страните се трансформираат во горни и долни крила, додека возачкото седиште автоматски се прилагодува на новата ориентација. Овој процес му овозможува на возилото ефикасно да се движи и на земја и во воздух, нудејќи им на корисниците единствена флексибилност во надминувањето на пречките како што се сообраќајниот метеж и ограничувањата во инфраструктурата.

Еден од клучните моменти во развојот на летечкиот автомобил на Alef Aeronautics беше кога компанијата доби дозвола од Федералната управа за авијација (FAA) за пробни летови минатата година. Ова претставува значајна пресвртница, не само за Alef Aeronautics, туку и за целата индустрија на летечки возила, бидејќи е првпат возило од ваков тип да добие ваков тип одобрение од американската влада. Тоа секако го отвора патот за идните регулативи и комерцијалната употреба на летечките автомобили.

Со почетна цена од околу 300.000 долари, летечкиот автомобил Alef Aeronautics има за цел да постигне достапност преку масовно производство.

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите

Русија во нападите врз Украина во април употреби повеќе од 300 проектили, околу 300 беспилотни летала „Шахед“ и над 3.200 касетни бомби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми.

„Овој терор може да се запре само со сила - силата на нашиот народ, силата на светското единство, силата на притисок врз Русија, силата на системите за противвоздушна одбрана обезбедена за Украина, силата на нашите војници на фронтот“, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Оваа пролет Русија ги засили нападите врз украинските цивилни и инфраструктурни цели, додека Киев очекува поголема помош од своите сојузници, а противвоздушната одбрана на земјата е преоптоварена до краен степен.

Британските медиуми пренесуваат дека официјална Москва за цело време тврди дека гаѓа само легитимни воени цели. /МИА

Мостот Беласица е целосно отворен за сообраќај

Мостот Беласица после скоро една година е целосно отворен за сообраќај.

Претходната година на 12 мај на полноќ избувна голем пожар на мостот „Беласица“ по што тој беше затворен за сообраќај.

Откако беше утврдено дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста односно од 02.09.2023 година мостот на булеварот „Беласица“ беше отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти. Од денеска пак мостот е целосно отворен за сообраќај.

Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион

Општина Охрид да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица“.

На иницијатива на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се одржа седница на Националната комисја на УНЕСКО, на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“.

Членовите на Комисијата донесоа заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на пртедметната локација.

Министерката Косдадиновска-Стојчевска рече дека со оглед на надлежноста и одговорноста што Комисијата ги има, ова тело не смее да остави простор за изигрување на постојаната законска регулатива, поврзана со заштитата на светското природно и културно наследство.

Затоа, Националната комија на УНЕСКО побара од Општина Охрид да ја достави целокупната документација поврзана со предметната парцела: урбанистичка документација за предметната градежна парцела (извод од план или урбанистичката документација врз основа на која е планирана оваа градба и со која е оформена градежната парцела), договор и анекси на договорот за отуѓување на градежно земјиште со електоронско јавно наддавање за градежната парцела, одобрение за градење на градбата од градежната парцела, проектна документација за градбата од градежната парцела врз основа на која е издадено одобрението за градење, известување за почеток на градба, дозвола за сеча на шуми согласно закон и сите други документи поврзани со предметната градежна парцела, а биле потребни за реализација на градбата од градежната працела.

Со оглед на тоа што претставниците на надлежните институции, членки на Националната комисија се изјаснија дека немаат никаква документација поврзана со предметот, беше донесен заклучок од Општина Охрид, чиј претставник не присуствуваше на седницата, да биде побарана целокупната документација која датира од 2011 година наваму.

Во воведот на седницата, Костадиновска-Стојчевска посочи дека до надлежните институции од културата не е доставено барање за изработка на планска документација. Исто така за предметната локација не е доставено никакво барање до НУ Завод и Музеј - Охрид и не се изготвени заштитно конзерваторски основи (ЗКО).

Проект за изградба на предметната локација не е доставен до надлежните институции од културата бидејќи во тој период не беше донесен План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. По донесување на План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не е доставен проектот ниту до Комисијата за управување со природно и културно наследство на Охридскиот Регион ниту до НУ Завод и Музеј - Охрид.

По добивање на потребната документација и информациите од Општина Охрид, Националната комисија на УНЕСКО ќе се произнесе со свои заклучоци и препораки во однос на изградба на хотелски комплекс на „Горица“.

притисни ентер