Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата

Раководството на Лос Анџелес Лејкерс одлучи да го префрли бекот Брони Џејмс во тимот Саут Беј, кој настапува во Џи лигата, пренесе „МСН“.

Синот на Леброн Џејмс ќе дебитира за својот нов клуб в сабота против Солт Лејк Сити. Лејкерси се надеваат дека 20-годишниот кошаркар ќе стекне натпреварувачко искуство и ќе ги подобри своите вештини.

Брони беше 55-ти севкупен пик на драфтот во НБА во 2024 година и го имаше своето деби во НБА на 23 октомври во победата со 110-103 над Минесота, играјќи заедно со својот татко.

На овој натпревар на паркетот мина речиси 3 минути и запиша еден скок. Играше и против Кливленд (110:134) и постигна 2 поени.

Судија застрела натпреварувач во задникот (Вознемирувачко видео)

На натпревар во Полска, судијата, невешто ракувајќи со оружје, застрела 70-годишен натпреварувач кој дошол да се испроба на натпреварување за ветерани.

Судијата пукна од непосредна близина и го погоди несреќникот во задникот.

Итно бил пренесен на лекување, против судијата е поднесена кривична пријава за несовесно ракување со оружје и загрозување на живот, соопштија од полскиот спортски стрелачки сојуз.

Во соопштението се наведува дека натпреварот бил приватно организиран, а судијата кој носел елек со логото на Здружението не е нивен член.

Кристина Агилера се појави на отворање на салон во златни гаќички (ФОТО)

Пејачката Кристина Агилера официјално ја отвори продавницата на H&M во Њујорк во многу предизвикувачко издание во кое најголемо внимание привлекоа нејзините златни гаќички.

Долниот дел од модната комбинација, златните гаќички, изгледаше како да е од лим. Со впечатливото модно парче пејачката искомбинирала едноставна црна маичка со капут во иста боја и високи, кожени, црни чизми.

Судејќи по фотографиите, Агилера беше расположена и гордо ја покажа својата витка линија.

Како што знаеме, ѕвездата неодамна го привлече вниманието на себе поради слабеењето. Многумина веруваат дека таа го користела популарниот лек за слабеење Оземпик за да ја добие фигурата што ја има денес.

„Сега сум доволно зрела што повеќе не ме интересираат туѓите мислења. Нема да ги прифатам. Ваша одговорност мора да биде да го заземате вашиот сопствен простор. Мислењата на другите луѓе за мене не се моја работа“, Агилера одговори на гласините за користење Оземпик.

Инаку, пејачката претходно изјави дека во музичката индустрија била соочена со барања како треба да изгледа. „Кога си тинејџер, имаш сосема поинакво тело отколку кога имаш 20-ти. Тогаш луѓето од индустријата ми рекоа: „Им се допадна твоето тело и како си била слаба тинејџерка“, сподели таа во една прилика.

ММФ издвои нови 333 милиони долари помош за Шри Ланка, погодена од страшна криза

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри преглед на третиот пакет помош за Шри Ланка од 2,9 милијарди долари и додели нови 333 милиони долари, со што вкупната исплатена сума ќе достигне 1,3 милијарди долари.

ММФ најави дека има знаци на закрепнување, но предупреди дека е неопходно да се заврши процесот на реструктуирање на долгот и да се постигнат договори со официјалните доверители за долгот да стане одржлив, односно земјата да може да ги врати долговите без да се загрози економската стабилност , објави Ројтерс.

Во 2022 година Шри Ланка ја доживеа најтешката финансиска криза во последните 70 години, но оваа година се очекува економски раст од 4,4 отсто, што ќе биде прв раст во последните три години.

притисни ентер