Стариот Дефендер замина во легендите во 2016-та која после седум децении е завршено сериското производство на возилото кое од своето настанување па до крај имаше препознатлив „коцкаст “ изглед, со повремени промени во каросеријата.
Ленд Ровер пред неколку години сепак одлучи да прекине да го произведува класичниот Дефендер и на купувачите да им понуди помодерна верзија, која и понатака ќе биде извонредна за теренски возења како неговиот претходник.
Новиот модел и понатака има „коцкаста“ силуета, со поедини стилски елементи инспирирани од дизајнот на оригиналниот автомобил.Сепак, Ланд Ровер ги ублажи острите линии, што најмногу може да се воочи на предната страна.
На почетокот на купувачите ќе им бидат понудени само два дизел мотори а подоцна и 4 цилиндарски бензинец, како и бензинец со 6 цилиндри и благ хибриден погон.
Ланд Ровер планира во 2020-та на пазарот да претстави плаг-ин хибрид Дефендер.
Основниот дизел мотор е 2.0 кубни сантиметри со 200 коњски сили, а они кои сакаат повеќе моќ, ќе можат да одберат агрегат со иста зафатнина но со 240 коњски сили.
Основната бензинска верзија ќе има 2.0 мотор со 300 коњски сили, а врвот на понудата е споменатито 6-цилиндарски 3.0 мотор со благ хибриден погон и вкупна сила од 400 коњски сили.
Ланд Ровер претстави две каросериски изведби „90“ со три врати и поголемата „110“ со 5 врати и 7 седишта. Силата од моторот се пренесува на сите 4 тркала со перманентен 4х4 погон, а како опција може да се нарача и систем со воздушни амортизери. Во тој случај автомобилот се издигнува 30 центиметри.
Од Ланд Ровер тврдат дека новиот Дефендер можа да помини низ водена препрека која е длабока 90 центиметри.
Внатрешноста и понатака е конзервативно дизајнирана, со едноставни правоаголни облици и прави линии но сепак изобилува со луксуз и современа технологија, вклучувајќи и 10 инчен екран за мултимедија.
Новиот Дефендер ќе биде претставен пред публиката на Саемот за автомобили во Франкфурт кој за претставниците на медиумите започнува денес а обичните посетители ќе можат да го посетат од четврток 12-ти септември.