Познатиот член на ,,Ролинг Стоунс” во синоќешното интервју рече дека престанал да пие. Ова е навистина шокантно ако се знае начинот на живот на познатиот гитарист и неговите славни забави и пијанки. Во интервју за магазинот ,,Ролинг Стоун” тој рече дека повремено може да испие по чаша или две вино или пиво.
,,Се заситив. Време беше да престанам.” , изјави 74 годишниот рокер. Вели дека му било интересно да свири трезен на неодамнешната европска турнеја.
Го пофали и неговиот колега , Рони Вуд , кој самиот пред една година се откажа од својот порок – пушењето цигари. Тие двајцата по повеќе децении станаа вистински промотори на здрав живот.
,,Ние сме во седумдесетите години , но ,,растураме” како да имаме четириесет.” се пофали Вуд.