Леброн Џејмс: Сакам да играм на Олимписките игри во Токио

Утрово Американците објавија поширок список со 44 кошаркари за кои веруваат дека ќе ги бранат нивните  бои Токио. Списокот е страшен. Сите најдобри Американци ги има на тој список.

Дебаклот на минатото СП ги натера Американците да дојдат во Јапонија со вистинскиот тим од соништата, и гледајќи низ историјата, Олимписките игри отсекогаш биле поважни за нив отколку да се појавуваат на светските првенства.

На списокот на Грег Попович е и Леброн Џејмс, кој призна дека би сакал да настапи во Токио и дека ова е голема желба, но дека сè уште не е сигурен дали тоа ќе биде можно.

Џејмс има одиграно 68 натпревари за САД и има направено три настапи на Олимписките игри. Има бронза од Атина во 2004 година и злато од Пекинг во 2008 година и Лондон во 2012 година.

Рио го промаши, па сега сака да замине во Токио. Една од причините е соработката со големиот Попович.

,,Моето име е во изборот. Се надевам дека ќе го одиграм натпреварот во плејофот со Лејкерс и потоа ќе видам што ќе се случи. Се зависи од тоа како ќе се чувствувам и што ќе каже моето семејство “, рече кралот Џејмс.

На почетокот на јуни, Грег Попович ќе го избере последниот список со 12 имиња, при што подготовките започнуваат две недели по завршувањето на финалето во НБА. Олимпијадата започнува на 24 јули.

,,Сакам да играм во Токио. Гледајќи сè што сум направил во мојата кариера и што сакам да направам до крајот, освојувањето на олимписко злато е една од целите што си ги поставив. Среќен сум што сум меѓу кандидатите, се надевам дека ќе бидам дел од тимот. Возбуден сум од потенцијалот и можностите што ги има овој тим “, рече Леброн.

Италијанскиот министер ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска ги повика западните земји повеќе да се ангажираат за преговори со рускиот претседател Владимир Путин за дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Кросето за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека економските санкции што Западот ги воведе кон Русија не ги дале очекуваните резултати, односно не ги спречиле руските сили да продолжат со нападите врз Украина.

Тој истакна дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е во преговорите да се вклучи Путин.

Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина, велејќи дека помошта за Киев има за цел „да се добие во време“ и да се создадат услови за постигнување примирје.

Кросето тврди дека, доколку руските војници го заземат Киев, тоа „неизбежно ќе доведе“ до конфликти со други земји кои, како што наведе, нема да прифатат руски тенкови на своите граници.

Италијанскиот министер рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека украинската контраофанзива минатото лето е осудена на неуспех поради воената супериорност на Русија, но дека Зеленски не го послушал неговиот совет.

Тен Хаг: Никој во Манчестер јунајтед освен Мурињо не ги доби играчите што ги сакаше

Тренерот Ерик тен Хаг одговори на споредбата што ја направи Жозе Мурињо за нивната работа во Манчестер јунајтед.

- Освен Мурињо, ниту еден тренер не ги доби играчите што ги сакаше, што ни требаа. Уверен сум дека ќе ги постигнеме нашите цели, но конкуренцијата е голема. Има седум или осум екипи во Премиер лигата кои имаат многу добри состави и во иднина ќе се борат за титулата. Значи, за да ја освоите титулата, треба да создадете навистина квалитетен тим, рече главниот тренер на Манчестер Јунајтед во интервју за „ESPN“.

Претходно Жозе Мурињо правејќи споредба со Тен Хаг за работата во Манчестер јунајтед, рече дека ја немал поддршката што ја ужива Тен Хаг.

-Немав такво ниво на поддршка. Немав такво ниво на доверба. Во тимот имаше од претходно неколку играчи што не ги сакав пред, истакна Мурињо.

Португалскиот стручњак беше тренер на клубот од мај 2016 до декември 2018 година.

Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска до Парламентот на Украина, Врховната Рада, поднесе предлог-закони за продолжување на вонредната состојба и периодот на општа мобилизација.

Во Врховната Рада се регистрирани предлог-закони „За продолжување на вонредната состојба во Украина“ и „За продолжување на периодот на општа мобилизација“, пренесува Украинформ.

Во образложението на предлог-законот пишува дека се работи за продолжување на општа мобилизација и вонредна состојба за 90 дена, од 14 мај, кога истекува претходното продолжување од 14 февруари.

притисни ентер