Лажна дојава за бомба направи метеж во Брисел

Во европскиот кварт во Брисел денеска полицијата изврши блокада , поради дојава за бомба во една компанија за комуникации и консалтинг.

Дојавата за бомба ја примила компанијата Г+ , која се наоѓа во близина на канцелариите на Франс Прес и на неколку десетина метри од британското претставништво.

,,Наредив евакуација на прсториите и се јавив во полиција “ ; изјави директорот на компанијата , иако смета дека разговорот со непозната личност , која му кажала дека кај нив има бомба , го смета за невкусна шега.

Но , затоа белгиската полиција сериозно ја сфатила дојавата . На самото место биле испретени и полицајци и пожарникари , како и пет возила за евакуација на потенцијални жртви.

Целиот дел на Брисел бил блокиран , жителите од зградата се сместени на безбедно , а полицијата со посебно дресирани кучиња ги прегледа сите паркирани возила во тој дел на градот.

По два часа од интервенцијата , вонредната состојба била прекината во 13 часот.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

Украина во војска ќе може да повикува и затвореници

Парламентот на Украина денеска гласаше за мерка со која се дозволува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголемиот непријател.

Се очекува дека новата мерка ќе ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20-те илјади затвореници, изјави пратеникот Дејвид Арахамиа.

Не се однесува на оние кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

„Не е тајна дека мобилизацискиот потенцијал на нашиот непријател е огромен, затоа мора да ги искористиме сите расположливи решенија за да се бориме како вооружена сила“, стои во белешката што ја придружува усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани кои се подготвени да се искупат пред општеството на бојното поле.“

Минатиот месец Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги промени правилата за регрутирање цивили во армијата за да ја зајакне и да ги ротира војниците.

Владата, исто така, привремено ги суспендираше конзуларните услуги за работоспособните мажи кои живеат во странство, жалејќи се дека тие не и помагаат на нивната земја која се бори.

притисни ентер