Лашкоска: Јованоски распишува два тендери за иста работа, станува ли збор за перење пари?

Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден град,вели на прес конференција Ане Лашкоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ .

Или ако сакаме да го развиваме правилно еден град тогаш најважно е разввивање на неговата инфраструктура врз основа на важечки урбанистички планови.

Мостот кој требаше да биде започнат да се гради пред една година, а пред 2 дена го најави градоначалникот Јованоски предизвика бројни реакции.

Имено во својата изборна програма градоначалникот Јованоски и СДСМ ветија дека ќе градат обиколница во западниот дел од градот. И ако сега градоначалникот алудира дека со изградбата на мостот во Сточен пазар, во зачеток е изградба на обиколница, мора да кажеме дека и самиот тој е во голема заблуда. Но, еве нему не му земаме за зло затоа што е лекар, но недозволиво е неговите советници да го манипулираат.

Дека СДСМ се мајстори за спинување не постои човек на кого не му е јасно па се поставува прашањето, дали ќе ја спинуваат и лагата дека овој сега многу популарен мост е дел од обиколницата? Повторувам, ветување кое е дел од програмата на Јовановски и СДСМ.

Мостот во Сточен пазар е само составен дел од собирна сообраќајница на ул.,,Трајко Николоски“ која ги поврзува локалните улици од населбите кои ја тангираат оваа улица.

Апсолутно не сме против изградба на мост, но со ова решение кое го промовираше Јованоски се решава мостот, а се отвораат сообраќајни проблеми. Ова стеснување - проширување – стеснување, односно од тесна улица ќе се влегува во мост со 4 ленти, па на другиот крај повторно се излегува на тесна улица, може да биде причина за сообраќајни проблеми. Па велосипедски патеки кои кажа дека ќе ги има на мостот...што значи тоа? Луѓето по тесната улица на рамо да носат велосипед, па 20-тина метри на мостот да возат, па повторно велосипедот на рамо, во исто време кога по улицата ќе врват тешки товарни возила?

Дали со изградбата на овој мост, главна улица за движење на тешки товарни возила станува улицата „Трајко Николоски“, а со тоа овие тешки товарни возила ќе поминуваат низ населбите кои ја тангираат оваа улица? Граѓаните на Прилеп, а особено жителите на овие населби ја заслужуваат вистината!

Ова не наведува да мислиме дека единствената и главна цел со изградбата на овој мост е само перење на пари!

Оваа констатација е поткрепена и со двата договори кои со изведувачот ги има потпишано Општина Прилеп т.е. градоначалникот. Ако внимателно го слушавте Јованоски пред два дена,, тој вели дека изградбата ќе трае 4 до 5 месеци. Но вистината според потпишаните договори е сосема друга.

Градоначалникот и општината означија отпочнување на овој проект точно по една година откако го потпишаа договорот за изградба на мостот. Имено на 10.05.2019 година градоначалникот потпишал договор со изведувачот и во членот 4 од овој договор стои дека времетраењето на договорот по оваа јавна набавка изнесува 365 дена, или една година. Во членот 2 од договорот стои дека општината на изведувачот за завршената работа ќе му исплати 29.999.140 денари.

На месец дена пред истекувањето на овие 365 дена од првиот договор општина Прилеп, претставувана од градоначаникот Јованоски потпишува нов договор, повторно со истиот изведувач и повторно за истиот мост кој до тој момент воопшто не е почнат да се работи. Вториот договор е потпишан на 9.04.2020 година, значи минатиот месец, и повторно во член 4 од овој договор стои дека времетраењето на договорот по оваа јавна набавка е 365 дена, а вредноста на вториот договор е 13. 999. 517 денари. Тоа стои во членот 2 од вториот договор.

Интересно е што и двата договори се предвидуваат средства за исти позиции. Ако во првиот тендер испуштиле нешто да внесат, зошто тоа не го регулирале со анекс на договор, туку повторно се распишува тендер со кој се предвидува огромна сума на средства?

Со оваа сума за мост, ние како граѓани на Прилеп најверојатно ќе треба да си замислуваме дека ова ќе биде мост на Босфор или можеби мост на Темза.

Господа од СДСМ ќе одговарате за своите постапки и за сите штетни договори кои ги имате направено во изминатиот периот. Ниту една маска повеќе не може да го сокрие вистинското лице на СДСМ. За брзо време правда ќе има. Следува обнова на Македонија, вели Лашкоска.

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

притисни ентер