Лани за четири отсто повеќе присилно раселени лица од 2019

Нерешените барања за азил се на исто ниво.

За четири отсто повеќе луѓе се присилно раселени во светот минатата година, во однос на 2019 година. Денес еден процент од човештвото е раселен и има двојно повеќе присилно раселени лица отколку во 2011 година, кога вкупниот број бил нешто под 40 милиони, покажуваат податоците од извештајот на УНХЦР – „Глобални трендови во 2020".

Според извештајот, во 2020 година вкупно 82,4 милиони луѓе се присилно раселени во светот, за разлика од 2019 кога се реселиле околу 79,5 милиони.

Вкупно 26,4 милиони се бегалци, во споредба со 2019 кога бројката на бегалците беше 26,0 милиони.

Извештајот покажува дека 20,7 милиони бегалци се под мандатот на УНХЦР, 5,7 милиони палестински бегалци се под мандатот на УНРВА, а 48,0 милиони се внатрешно раселени лица. Дури 4,1 милиони се баратели на азил, а 3,9 милиони Венецуелци се раселени надвор од сопствената држава.

Споредбено, во 2019 година имало 20,4 милиони бегалци под мандатот на УНХЦР, а 5,6 милиони палестински бегалци под мандатот на УНРВА. Имало дури 45,7 милиони внатрешно раселени лица, а 4,1 милиони баратели на азил. Во 2019 година имало 3,6 милиони Венецуелци раселени надвор од сопствената држава.

– Всушност 2020 е деветтата година на непрекинат раст во присилното раселување во светот. Денеска, еден процент од човештвото е раселен и има двојно повеќе присилно раселени лица отколку во 2011 година кога вкупниот број беше нешто под 40 милиони, се наведува во извештајот на УНХЦР.

Од УНХЦР информираат дека повеќе од две третини од сите луѓе кои избегале надвор од границите на својата држава доаѓаат само од пет држави: Сирија – 6,7 милиони, Венецуела – 4,0 милиони, Авганистан – 2,6 милиони, Јужен Судан – 2,2 милиони и Мјанмар – 1,1 милион.

Најголемиот број бегалци во светот – речиси девет од десет бегалци – 86 проценти – се згрижени во држави кои се соседи на кризни области и држави со низок и среден приход.

Најнискоразвиени држави обезбедиле азил на 27 проценти од вкупниот број.

– Седма година по ред, Турција е домаќин на најголемата бегалска популација во светот – 3,7 милиони бегалци, а по неа се Колумбија со 1,7 милиони, вклучувајќи Венецуелци раселени надвор од државата, Пакистан со 1,4 милиони, Уганда со 1,4 милиони и во Германија 1,2 милиони.

Нерешените барања за азил во светот останаа на нивото како во 2019 – 4,1 милион. Но во извештајот се посочува дека државите и УНХЦР колективно регистрирале околу 1,3 милиони поединечни барања за азил. Тоа е еден милион помалку од 2019, односно 43 отсто помалку барања. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер