Лани му откриле рак , поминал низ хемотерапија и во четврток ќе игра за Јунајтед

Манчестер Јунајтед ќе игра во четврток на гостување во Астана во петтото коло од групната фаза од Лигата на Европа.

На воодушевување на целата англиска јавност, тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, ќе го вклучи во тимот и 19-годишниот Макс Тејлор.

Причината зошто сите во Англија се задоволни од оваа вест е затоа што на Тејлор му беше дијагностициран карцином на тестисите пред точно една година, и мораше со месеци да оди на хемо терапија.

Сепак, младиот човек за среќа ја совлада сериозната болест,му се врати на фудбалот во септември и може да игра за Јунајтед во европскиот турнир в четврток.

Тејлор е подготвен да го направи своето деби за сениорскиот состав на Манчестер Јунајтед, кој во подмладен состав ќе игра против Астана. Норвешкиот тренер може да си дозволи луксуз со испраќање неискусни млади фудбалери на натпреварот во Казахстан затоа што екипата му обезбеди минување на групата Л во која ја држи водечката позиција по четири кола.

Раперот Ар Кели доби уште 20 години затвор

Американскиот суд ја потврди 20-годишната затворска казна за раперот Ар Кели за сексуално злоставување деца, пишува Гардијан.

Ар Кели беше прогласен за виновен по три точки за детска порнографија и три точки за наведување на малолетник за секс.

Поротниците го ослободија по седум од 13 точки од обвинението дури и откако ги прегледаа снимките за злоупотреба. Тој беше ослободен по четвртата точка од обвинението за детска порнографија, по три точки за заговор за примање детска порнографија, по две точки за поттикнување малолетно лице на секс, а поротата одлучи дека не ја попречувал правната постапка што се водела против него во 2008. и за детска порнографија, пренесува Б92.

Инаку,во јуни 2022 година, по повеќе од две децении обвинувања за сексуална злоупотреба и поткуп, Кели беше осудена на 30 години затвор за водење на синџир за проституција и рекетирање.

Девет жени и двајца мажи детално опишале како Кели сексуално ги злоставувала и понижувала.

Раперот беше прогласен за виновен во 2021 година, а сведоците рекоа дека жртвите се надевале дека тој ќе им помогне во нивните кариери, а всушност од нив барал апсолутна послушност.

Фото: Лепа Брена на јахта за Велигден

Големата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена на социјалните мрежи откри дека најголемиот христијански празник Велигден ќе го помине на својата јахта вредна 6 милиони евра.

Пејачката отпатувала на луксузна дестинација, а на својот Инстаграм профил објавила и покажала колку уживала.

На фотките Брена позира на палубата од јахтата.

Видео: Рекорден концерт на Мадона во Рио

Кралицата на попот Мадона постави уште еден рекорд. Легендарната пејачка одржа рекорден бесплатен концерт во Рио де Жанеиро, на кој присуствувале фантастични два милиони луѓе -!

Кралицата на попот Мадона синоќа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро го одржа последниот концерт од својата турнеја „Celebration“, а се проценува дека спектаклот го посетиле меѓу 1,6 и 2,2 милиони луѓе.

Мадона на тој начин го сруши рекордот на Дијана Рос и овој настап сега и официјално е најпосетениот концерт на една изведувачка во историјата.

Ова воедно беше нејзин 81 концерт од мегауспешната турнеја со која ја прослави својата 40-годишна кариера.

Концертот бил бесплатен, а е финансиран од најголемата банка во Латинска Америка како подарок за граѓаните.

притисни ентер