Ламборџини најави суперспортски Huracan во теренска изведба (ВИДЕО)

Lamborghini подготвува нова играчка за избраните.

За разлика од сето досега видено, бидејќи Urus многумина не го доживуваат како вистинско Lamborghini, конечно се подготвува теренец достоен за познатото име. Тоа ќе биде Huracan, кој е на залез на кариерата, а ќе добие теренски Sterrato. Ова се очекуваше од 2019 година, кога беше претставен концептот на ваквото возило.

Не само што на овој Huracan ќе му биде дозволено да го напушти асфалтот, туку на макадамските патишта ќе му овозможи на сопственикот искуство во возењето на рели автомобил. Се разбира, под услов да не жалат за бојата на скапиот автомобил. Најавното видео, во кое автомобилот се уште е скриен зад хаубата, јасно сугерира што може и што треба да прави овој Ламбо.

Кросовер верзијата на Huracan изгледа злобно, и веројатно ќе биде достоен за името и изгледот. Дополнително подигнат, со посилни гуми и пластична заштита и LED осветлување на покривот, Sterrato е дефинитивно подготвен за offroad авантури.

Се претпоставува дека погонот ќе остане ист - 5.2 V10 со над 400 КС во комбинација со погон на сите тркала. Премиерата се очекува наесен, точно на време за да пристигнат првите примероци во салоните пред скијачката сезона.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер