Ламборџини има големи планови за 2020

Италијанскиот произведувач на супер- спортски автомобили Ламборџини има големи планови за 2020.

Обожавателите не се воодушевени од фактот дека Ламборџини најверојатно ќе го пропушти престижниот саем во Женева од 5ти до 17ти март.

Меѓутоа утеха сигурно ќе најдат во известувањето на компанијата за бројни самостојни случувања на кои ќе претставува нови модели.

Ламборџини зад себе има рекордна година со 8.205 продадени единици, што е дури 43% повеќе за разлика од 2018.

Најмногу допринесе првиот „SUV“ од Ламборџини моделот Урос со дури 4.862 продадени примероци, втор на листата е Хуракан со 2.139 продаден примероци а трет е Авентадор кој е испорачан за 1.104 купувачи ширум светот.

Ламборџини највеќе купуваат во Америка, тамо се продадени 2.374 примероци во 2019.

Заради одличните резултати Ламборџиниима испланирано нови модели во оваа година, пред се новиот Урос „ST-X“.

Од компанијата уште претходно најавија хибридни верзии за новите генерации, што значи наследници на моделите Авентадор и Хуракан.

Ламборџини веќе ги спроведува своите планови за електрификација со моделот Сиан „FKP 37“, нивниот најмоќен сериски автомобил до сега.

Сепак, овој модел е ограничен на само 63 возила по цена од 3.000.000 евра.

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

Највисокиот американски дипломат Антони Блинкен го повика Хамас да го прифати планот за примирје во Газа и покрај израелското предупредување дека армијата ќе продолжи да се бори против палестинската милитантна група по каков било прекин на огнот.

Посредниците предложија договор за примирје со кој би се запреле борбите на 40 дена и би се размениле заложници.

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

„Хамас треба да каже „да“ и треба да го заврши тоа“, рече Блинкен синоќа додека беше во Израел на својата седма турнеја на Блискиот исток од почетокот на конфликтот во октомври.

Тој подоцна додаде: „Ако Хамас всушност тврди дека се грижи за палестинскиот народ и сака да види итно олеснување на неговото страдање, треба да го прифати тој договор“. /МИА

притисни ентер