Ламборџини го слави 60. роденден, направија славенички автомобил (ФОТО)

Lamborghini ќе прослави уште еден роденден со специјален автомобил.

Како што во 2013 година, по повод 50-тиот роденден, постоеше специјално подготвен автомобил базиран на Gallardo под името Egoista, сега се базира на неговиот наследник – моделот Huracan. А за да ги зачинат работите уште повеќе, ја избраа авантуристичката верзија Sterrato, со која сопственикот може да оди и надвор од патот.

Името на славеничкиот модел е Opera Unica, а го потпишува одделот Ad Personam на Lamborghini. Посебната карактеристика на овој автомобил е надворешноста, односно начинот на кој е обоен, кој наоѓа инспирација во Сардинија, синилото на нејзиното море, но и небесните пространства.

Станува збор за рачно нанесен лак во три слоја, чија завршница се обидува да го следи кристалниот ефект на замрзнатата течност. Првиот слој на боја е Blu Amnis, потоа се нанесе нијансата Blu Grifo, а на крај е избрана нијансата Blu Phaedra за финален ефект. Вкупно биле потребни 370 работни часови за да се наслика ова специјално Lamborghini.

И тоа не е сѐ, бидејќи покривот, праговите и облогите на калниците добиваат мат црна завршница, а со истата нијанса се украсени и бандажите од 19 инчи. Во кабината, пак, акцентот е ставен на голиот карбон, во комбинација со кожа во истата нијанса на сина наречена Blu Delphinus.

А сега посебно изненадување. Иако Egoista не излегува во продажба, овој Huracan веројатно ќе го најде патот до таму, веројатно на аукција, и ќе биде дел од серијата Sterrata од 1.499 единици. Да потсетиме, последниот V10 ќе се произведува во втората половина на следната година, токму кога од производната лента ќе излезат и последните примероци на Urus без хибриден погон.

Британците им доделија „кафеави знамиња“ на најнечистите плажи во земјата

Објавена е листа на највалкани плажи во Велика Британија, а меѓу нив се и неколку популарни крајбрежни места.

Овие плажи ја добија наградата „кафеаво знаме“, што значи дека на брегот ќе има знамиња со емотикон со фекалии за да ги предупредат туристите, пренесува британски Мирор.

Тие плажи се оценети како „лоши“ од британската агенција за животна средина поради бактериите како ешерихија коли од отпадните води и другиот отпад.

Плажата Портлуни во Корнвол е прогласена за една од највалканите во Англија, и покрај тоа што Корнвол е четвртата најчиста област во Англија за летно пливање.

Дорсет, Девон и Сафолк имаат најголем процент на плажи со одличен рејтинг кога станува збор за чистотата на водата.

Ланкашир во северозападниот дел на Англија е на дното на листата бидејќи ниту едно од 10-те места за капење не постигнале три ѕвезди за чистота.

Катастрофа во Авганистан: Во поплавите загинаа над 300 луѓе, прогласена вонредна состојба

Повеќе од 300 луѓе загинаа во поројните поплави кои зафатија неколку провинции во Авганистан, а многумина се уште се водат како исчезнати, соопшти Светската програма за храна на ОН.

Властите прогласија вонредна состојба откако обилните дождови во петокот предизвикаа поројни поплави кои зафатија села и обработливо земјиште во неколку провинции.

Во тек е операција за пребарување и спасување, а некои области се целосно отсечени, пишува Гардијан.

Северната провинција Баглан е една од најтешко погодените, со повеќе од 300 загинати и илјадници куќи уништени или оштетени, според Светската програма за храна.

Околу 20 лица загинале во северната провинција Тахар, а две во соседен Бадакшан.

Портпаролот на талибанската влада Забихула Муџахид на мрежата Х напиша дека стотици луѓе загинале во поплавите, а многу станбени згради се оштетени.

Воздухопловните сили соопштија дека евакуацијата започнала по подобрувањето на временските услови, додавајќи дека повеќе од 100 повредени лица се пренесени во болници.

Започнала и дистрибуцијата на храна и лекови за населението во подрачјата погодени од поплавите.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја изразува својата солидарност со народот на Авганистан и изразува сочувство до семејствата на жртвите, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик.

Тој изјави дека ОН соработуваат со локалните власти за давање помош.

Од средината на април, поплавите ги однесоа животите на околу 100 луѓе во 10 авганистански провинции.

Најмалку 11 загинати во автобуска несреќа во Индонезија- удрил во два мотори и се превртел

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени во автобуска несреќа што се случи во провинцијата Субанг во индонезиската провинција Западна Јава.

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени во автобуска несреќа што се случи во провинцијата Субанг во индонезиската провинција Западна Јава, изјави директорката на покраинската канцеларија за пребарување и спасување, Хери Марантика, чиј персонал учествувал во евакуацијата на жртвите.

„Според извештаите, 11 лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени. Оние со сериозни повреди се итно пренесени на лекување во Општата болница во Субанг, додека оние со полесни повреди се испратени во околните здравствени клиники“, рече тој, пренесе Ксинхуа.

Во автобусот се превезувале над 40 луѓе, од кои повеќето биле студенти кои се враќале од рекреативно патување, соопшти Марантика.

Претставник на локалната полиција изјавил дека возачот на автобусот изгубил контрола над возилото откако откажале сопирачките.

Автобусот удрил во два мотоцикли пред да се преврти, додаде тој.

Причината за несреќата се уште е под истрага.

притисни ентер