Ламборџини ги претстави последните автомобили со атмосферски мотор V12 (ФОТО)

По овие новитети, Lamborghini го завршува едно од најбрилијантните поглавја во својата историја.

Ова поглавје е за атмосферскиот мотор 6,5 V12. Петтиот по ред мотор кој го носи потписот на Lamborghini заминува во пензија, барем во ова електрифицирано издание. Lamborghini ги имплементираше V12 скапоцените камења во два уникатни модели базирани на Aventador. Тоа се купето Invincible и родстерот Autentica.

А имајќи предвид дека каросеријата на двата уникатни автомобили се направени од карбон, ова ја подигнува целата понуда на ново ниво. Сè уште анонимните сопственици биле активно вклучени во создавањето на овие ремек-дела на автомобилскиот инженеринг, но тоа не значи дека добиле попуст.

Напротив, тие се веројатно најскапите Lamborghini автомобили, кои стојат покрај нивните постари браќа - автомобилите Sesto Elemento, Reventon и Veneno.

Митја Боркерт, шеф на дизајн во Lamborghini, рече дека двата болида се „инспирирани од возењето на патеката и опкружувањето со високи октани“, а дизајнерите дале сѐ од себе за да бидат креативни на оваа V12 платформа.

Визуелно е невозможно да се избере омилен. Не е ни потребно бидејќи и двата се напојувани од 6.5 V12, во неговата финална верзија со 780 КС и 720 Nm, како кај верзијата Ultimae. Со ова, Lamborghini за последен пат ја истакна приказната за Aventador пред фокусот да се префрли на наследникот. Ако ѝ се верува на компанијата, моментално нè делат „неколку недели“ од премиерата.

Арсовска: Мир, спокој, здравје и љубов за сите, честит Велигден

Мир, спокој, здравје и љубов за сите православни христијани, посака денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска од пред Соборниот храм, честитајќи го Христовото воскресение - Велигден.

- Посакувам да се сакаме, да се почитуваме, да имаме обѕир еден кон друг, да бидеме хумани, да бидеме солидарни и да покажуваме грижа еден кон друг, секој еден ден во годината. Нека е за многу години денот и празникот, порача Арсовска.

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5 мај, Ден на македонскиот јазик.

Во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

„Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации. Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме нашиот јазик на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик.

Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик“, вели во честитката, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог - кој го има „украинското знаме на рамениците“ - ќе направи животот да ја победи смртта.

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.

притисни ентер