Лајчак планира деновиве да ги продолжи разговорите за дијалогот меѓу Белград и Приштина

„Затоа планирам да ги продолжам разговорите во наредните денови и недели“, напиша Лајчак.

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека во четвртокот во Брисел со главните преговарачи разговарал за повеќе теми - статутот, планот за имплементација, енергијата, регистарските таблички, изборите и исчезнатите лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Сумирајќи ја изминатата недела, Лајчак на Фејсбук напиша дека средбите биле од помош за напредок во бројни прашања кои се на дневен ред на дијалогот и оти очекува набрзо продолжување на дијалогот.

„Затоа планирам да ги продолжам разговорите во наредните денови и недели“, напиша Лајчак.

Тој потсети дека на почетокот на минатата недела го посетил Белград, по неодамнешната посета на Приштина, и дека се сретнал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

„Разговорите беа продолжение на нашите напори за подобрување на имплементацијата на Договорот на патот кон нормализацијата“, изјави Лајчак и додаде дека во разговорите истакнал дека имплементацијата на Договорот треба да напредува така што двете страни да ги исполнуваат своите обврски чекор по чекор, паралелно и по принципот да мора нешто да направат за нешто да добијат.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер